Сподели го ова:

4. УСРДНА МОЛИТВА

Среда, 9 септември 2026

а. Кои се важните елементи на усрдната молитва, за разлика од слабата и неделотворната молитва?

Евреите 11:6; Марко 11:24.

„Кога не го добиваме токму она што сме го барале, во времето во коешто сме молеле, и понатаму мораме да веруваме дека Господ нè чул и дека ќе одговори на нашите молитви. Ние сме толку подложни на заблуди и толку кусогледи што понекогаш го бараме и она што не би ни било на благослов, па така нашиот небесен Татко во Својата љубов ни одговара на молитвата, давајќи ни го она што ќе ни послужи за добро – она што и ние самите би го посакале кога нашиот поглед би бил божествено осветлен и кога би можеле реалноста да ја видиме онаква каква што е. Кога изгледа дека молитвите не ни се примени, мораме да се држиме за ветувањето; бидејќи времето за исполнување сигурно ќе дојде и ние ќе го примиме благословот што ни е најпотребен.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 96.

б. За Господ да ги услиши нашите молитви, каков дух треба да имаме?

Матеј 6:12; Марко 11:25, 26.

„Кога доаѓаме да бараме милост и благослов од Бога, нашите срца треба да бидат вдахновени со дух на љубов и простување. Како можеме да се молиме: ’Прости ни ги нашите долгови како и ние што им простуваме на нашите должници’ (Матеј 6:12), ако едновремено не сме готови да им простуваме на другите! Ако очекуваме Бог да ги чуе нашите молитви, мораме да им простуваме на другите на ист начин и со иста мера, како што очекуваме да ни биде простено нам.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 97.

в. Што можеме да научиме од Илиевата молитва за дожд?

1 Царевите 18:41–45.

„Додека Илија се молел за дожд, слугата шестпати се враќал со извештај дека нема ни најмал облак, ниту каков било знак за дожд. Но пророкот не дозволил да биде обесхрабрен. Тој го преиспитувал својот живот, за да види дали во нешто не Го обесчестил Господа, дали има некој непризнат грев, и така продолжил да ја понизува својата душа пред Бога додека не го добил очекуваниот знак како одговор на својата молитва. Додека така го преиспитувал својот живот, изгледал сè помал и помал и во своите очи и пред Бога. Се уверил дека сам по себе не може ништо и дека сè зависи од Бога. И кога дошол до тоа целосно да се откаже од себе и да се потпре на Спасителот како на своја единствена сила и праведност, тогаш дошол одговорот.“

Извор: The SDA Bible Commentary, vol. 2, p. 1035.

Сподели го ова:

Поврзани статии