4. МОЛИТВАТА НА ГРЕШНИКОТ
Среда, 8 јули 2026
а. Со каков проблем се соочил апостол Павле кога целосно ја сфатил својата состојба како грешник пред Бога?
Римјаните 7:12, 14, 24.
„Не е доволно да се почувствува Божјата благост, да се види добронамерноста и татковската нежност на Неговиот карактер. Не е доволно да се препознае мудроста и праведноста на Неговиот закон, да се разбере дека е втемелен врз вечното начело на љубовта. Апостол Павле сето тоа го видел кога извикал: ’Се согласувам со Законот дека е добар!’ ’Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра!’ Но, исполнет со горчината на своите душевни маки и со очај, додава: ’А јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб!’ (Римјаните 7:16,12,14). Тој копнеел за чистота, праведност, кои не можел да ги постигне со своја сила, и извикнува: ’Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?’ (Стих 24). Истиот извик им се истргнувал од обремените срца во сите земји и во сите векови. За сите, постои само еден одговор: ’Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!’ (Јован 1:29).“
Извор: Патот кон Христа, стр. 19.
„Многу луѓе увидуваат дека се беспомошни и копнеат по оној духовен живот, кој ќе ги доведе во склад со Бога; тие попусто се обидуваат да го постигнат тоа… Спасителот се наведнува над оние, кои ги откупил со Својата крв и со неискажана нежност и сочувство вели: ’Сакаш ли да оздравиш?’“
Извор: Копнежот на вековите, стр. 203.
б. На кој начин Бог го уверил Јаков дека не бил оставен кога бегал од својот брат Исав?
„(Јаков) чувствувал дека е изгнаник и знаел дека сите тие маки му ги донеле само неговите погрешни постапки. Темнина на очај му ја притискала душата и тој одвај се осмелувал да му се моли на Бога. Но, останувајќи наполно сам, тој, повеќе од кога и да е порано, чувствувал потреба од Божја заштита. Плачејќи и во длабока понизност го признал својот грев и најсесрдно се молел за некаков видлив доказ дека не е потполно напуштен. Но сепак неговото потиштено срце уште не нашло олеснение. Загубил секаква доверба во самиот себе, а се плашел дека го отфрлил и Бог – Бог на неговите татковци. Но Бог не го напуштил Јакова. Тој сѐ уште бил милозливо наклонет кон својот заблуден и недоверлив слуга. Полн со милост, Господ на Јакова му го открил токму она што му било потребно му го открил Спасителот. Тој згрешил, но срцето му било исполнето со благодарност кога пред себе го видел откриен патот по кој можел повторно да ја задобие Божјата наклоност.“
Извор: Патријарси и пророци, стр. 183.
