Истрајност во молитвата

Сподели го ова:

5. ИСТРАЈНОСТ ВО МОЛИТВАТА

Четврток, 10 септември 2026

а. Каков важен совет во врска со молитвата ни даваат апостолите?

1 Петрово 4:7; Филипјаните 4:6.

„Ревноста во молитвата е неопходна; на ништо не смеете да му дозволите да ѝ пречи на вашата молитва. Вложете го секој напор да ја одржите врската помеѓу Исус и својата душа. Искористете ја секоја можност да одите на местата определени за молитва. Оние, кои навистина се трудат да ја одржуваат врската со Бога, ќе се видат на молитвените собири, верни во извршувањето на својата должност, искрени и желни да ги пожнеат сите благослови кои можат да се стекнат. Тие ќе ја искористат секоја можност да се изложат себеси на зраците на светлината од Небото.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 98.

б. Како и секој родител, што Господ очекува Неговите деца да прават?

Лука 11:10,13; Јован 14:13,14.

„Христос им рекол на Своите ученици да се молат ’во Мое име’. Христовите следбеници треба во Негово име да излегуваат пред Бога. Вредноста на жртвата што е поднесена заради нив им дава висока цена во Божјите очи. Тие се сметаат драгоцени заради Христовата праведност која им е засметана. Заради Христа, Таткото им простува на оние што се бојат од Него. Тој во нив не гледа ништожни грешници, туку забележува сличност со Својот Син во Кого тие веруваат.“

Извор: Копнежот на вековите, стр. 667.

„Нема такво време и место кое не е прикладно за молитва. Не постои ништо што би можело да нè спречи да го подигнеме своето срце во духот на искрената молитва. Среде мноштвото на улица, окупирани со работните обврски, ние можеме да му упатиме молитва на Бога и да побараме божествено водство, како што го сторил тоа Немија додека го изнесувал своето барање пред царот Артаксеркс. Место за разговор може да се најде каде и да се наоѓаме.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 99.

Сподели го ова:

Поврзани статии