1. ГОЛЕМИОТ МОЛИТЕЛ
Недела, 6 септември 2026
а. Како Син Човечки, што Исус сметал дека Му е неопходно?
„Да Го погледнеме Божјиот Син како, наведнат, Му се моли на Отецот! Иако е Божји Син, Тој ја зајакнувал Својата вера преку молитва и, одржувајќи постојана врска со небото, собирал сила да му се спротивстави на злото и да им служи на потребите на луѓето. Како Постар Брат на нашиот род, Тој ги познава потребите на оние што, иако подложни на слабости во свет на грев и искушенија, сепак сакаат да Му служат. Тој знае дека гласниците што ги испраќа како погодни за служба се, всушност, само слаби и грешни луѓе. Но на секој што целосно ќе се посвети на Неговата служба, Тој му ветува божествена помош. Неговиот пример потврдува дека усрдната и истрајна молитва упатена кон Бога во вера, со целосна доверба и посветеност на Неговото дело, им донесува на луѓето помош од Светиот Дух во борбата против гревот.“
Извор: Gospel Workers, p. 511.
б. На кој начин Христовиот молитвен живот претставува пример и за нас?
„И самиот Исус, додека живеел меѓу луѓето, често одел на молитва.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 93.
