Сподели го ова:

1. БОГ СЕ ОТКРИВА

Недела, 30 август 2026

а. Преку кои работи во овој свет Господ настојува да ги привлече луѓето кон Себе?

Псалм 19:1–6; Изреки 2:1–5.

„Многубројни се начините на коишто Бог ни се објавува и преку кои нè доведува во врска со Себе. Природата постојано им се обраќа на нашите сетила. Искреното срце ќе биде трогнато со Божјата љубов и слава, кои се откриваат во делата на Неговите раце. Чувствителното уво ги слуша и ги разбира пораките што Бог ги упатува преку природата. Зелените полиња, величествените дрвја, пупките и цветовите, облакот кој поминува, дождот кој паѓа, потокот кој жубори, убавините на небото, сето тоа му говори на нашето срце и нè повикува да се запознаеме со Оној, кој сето тоа го создал.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 85.

б. Со што се послужил Исус за да ја втисне оваа вистина во умот на Своите слушатели?

Матеј 13:3,34.

„Нашиот Спасител за своите скапоцени поуки земал примери од природата. Дрвјата, птиците, цвеќето во долините, ритчињата, езерата, прекрасното небо, како и настаните и околностите од секојдневниот живот – сето тоа било поврзано со зборовите на вистината со цел почесто да се сеќаваме на Неговите поуки, дури и среде наметливите грижи со кои е исполнет човековиот мачен живот. Бог би сакал Неговите деца да се восхитуваат на Неговите дела, да уживаат во едноставната, тивка убавина, со која го украсил нашиот земен дом.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 85.

Сподели го ова:

Поврзани статии