Нашиот заменик и гарант

Сподели го ова:

4. НАШИОТ ЗАМЕНИК И ГАРАНТ

Среда, 1 јули 2026

а. Што е темелот на спасението на нашите души?

1 Коринтјаните 1:30; Дела 16:31.

„О, со каква глад и копнеж во душата Христос сакал да го спаси она што било изгубено! Телото распнато на крстот не одзело ништо од Неговата божественост, ниту од Божјата сила дадена да ги спаси, преку Неговата човечка жртва, сите што ќе ја прифатат Неговата праведност. Умирајќи на крстот, Тој ја пренел вината од престапникот врз божествениот Заменик — преку вера во Него како личен Искупител. Гревовите на виновниот свет, кои симболично се прикажани како „црвени како пурпур“, му биле припишани на божествениот Гарант.“

Извор: Овој ден со Бога, стр. 236.

б. Што направил Христос за нашето откупување — нешто што ја надминува секоја човечка мудрост и секој човечки напор?

Јован 10:17; Римјаните 5:6-8.

„’Мојот Отец толку ве сакаше, што дури и Мене уште повеќе ме засака, затоа што го дадов Својот живот за да ве откупам. Му станав мил на Мојот Отец станувајќи ваш Заменик и ваша Гаранција, положувајќи го Мојот живот, преземајќи ги вашите долгови, вашите престапи; Јас сум љубен од Својот Отец; затоа што со Мојата жртва Бог може да биде праведен, а сепак да го оправда оној што верува во Исуса!’ Никој, освен Божјиот Син, не би можел да нè откупи; бидејќи Отецот можел да го објави само Оној, кој бил во Неговите прегратки. Божјата љубов можел да ја објави само Оној, кој ги запознал нејзините длабочини и висини. Само бесконечната жртва принесена од Христа во корист на паднатиот човек можела да ја изрази љубовта на Отецот кон изгубеното човештво.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 14.

в. Што можел Јован да посведочи за нашиот Застапник пред Божјиот престол?

1 Јованово 1:1-3.

„Малкумина ја разбираат тежината на гревот и ја сфаќаат големината на пропаста што настанала со престапувањето на Божјиот закон. Проучувајќи го Божјиот чудесен план на откупување, чија цел е во грешникот повторно да го обнови Божјиот морален лик, можеме да видиме дека единственото средство за избавување на човекот било обезбедено преку самопожртвуваноста, неспоредливото понижување и љубовта на Божјиот Син. Само Тој имал сила да ги води битките против големиот непријател на Бога и човекот; и како наш Заменик и Гарант, им дал сила на оние што со вера се држат за Него, во Негово име и преку Неговите заслуги, да станат победници.“

Извор: Christian Education, p. 112.

Сподели го ова:

Поврзани статии