5. ИСУС ЈА ПЛАТИЛ ЦЕНАТА
Четврток, 2 јули 2026
а. Што му овозможило на Христос да ја плати цената на нашето откупување?
1 Петрово 1:18, 19; Евреите 5:8, 9.
„Цената платена за нашиот откуп, бескрајната жртва што ја принесол нашиот небесен Отец, давајќи го Својот Син да умре за нас, сето тоа би требало да нè вдахне со возвишени мисли за она што би можеле да станеме во Христа. Гледајќи ја височината, длабочината и широчината на љубовта на Отецот кон родот што умира, вдахновениот апостол Јован бил исполнет со обожавање и со стравопочит; и не наоѓајќи згодни зборови да ја изрази големината и нежноста на таа љубов, го повикал светот да ја набљудува… Каква вредност му дава тоа на човекот! Преку престапот, човечките синови станале поданици на сатаната. Со вера во Христовата жртва на помирување, Адамовите синови можат да станат синови Божји. Земајќи ја човечката природа, Христос го воздигнал човештвото. Паднатите луѓе, поврзани со Христа, добиле можност навистина да станат достојни за името „синови Божји.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 15.
б. Кои зборови ги употребил апостол Јован за да ја опише големината на Божјата љубов?
„Таквата љубов е неспоредлива. Деца на небесниот Цар! Драгоцено ветување! Тема за најдлабоко размислување! Неспоредлива Божја љубов кон светот што не го љубел! Оваа мисла има моќ да ја скроти душата и умот да го наведе на покорност на Божјата волја. Колку повеќе го проучуваме божествениот карактер во светлината на крстот, толку повеќе гледаме милост, нежност и простување, поврзани со непристрасност и правда; сè појасни ни стануваат безбројните докази за неограничената љубов и нежната милост, кои го надминуваат сочувството на мајката кон своето заскитано дете.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 15.
