Живот на самопожртвуваност

Сподели го ова:

3. ЖИВОТ НА САМОПОЖРТВУВАНОСТ

Вторник, 30 јуни 2026

а. Каков тежок товар носел нашиот Спасител во текот на Својот живот?

Исаија 53:5-7; Лука 2:48, 49.

„Исус го носел страшниот товар на одговорноста за спасението на луѓето. Тој знаел дека, ако не дојде до решителна промена во начелата и целите на човечкиот род, сè ќе биде изгубено. Тоа било бремето на Неговата душа, и никој не можел да ја сфати тежината што почивала врз Него. Низ детството, младоста и зрелата возраст, Тој одел сам. Сепак, да се биде во Негово присуство значело да се биде на небо. Од ден на ден се среќавал со искушенија и проби; од ден на ден доаѓал во допир со злото и ја гледал неговата сила врз оние што настојувал да ги благослови и спаси. Сепак, Тој не потклекнал ниту се обесхрабрил. Во сè, Тој ги потчинувал Своите желби на Својата мисија. Неговиот живот бил прославен со тоа што сè во него било подредено на волјата на Неговиот Отев. Кога во Својата младост, Неговата мајка, наоѓајќи Го во училиштето на рабините, Му рекла: „Сине, зошто ни направи така?“, Тој одговорил — а Неговиот одговор е основниот тон на Неговото животно дело: ’Зошто сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во делото на Мојот Отец?’ Неговиот живот бил живот на постојано самопожртвување. Тој немал дом на овој свет, освен кога добрината на пријателите Му обезбедувала престој како на патник. Дошол заради нас да живее живот на најсиромашните, и да оди и работи меѓу сиромашните и страдалниците. Непризнаен и без почести, Тој одел меѓу луѓето за кои направил толку многу.“

Извор: Слуги на евангелието, стр. 42, 43.

б. Што ни открива излевањето на Божјата неизмерна љубов за нашиот небесен Отец?

Јован 3:16; 1 Јованово 4:9,10.

„Но, оваа голема жртва не била принесена за да се разбуди во срцето на Отецот љубов кон човекот или пак желба да го спаси. Не, не! „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син”. (Јован 3:16). Отецот нè сака, но не заради таа голема жртва на помирување, туку Тој се погрижил за жртвата на помирување, затоа што нè љуби. Христос бил посредник преку кого Тој ја излеал својата бескрајна љубов кон паднатиот свет. „Зашто Бог беше во Христа, и светот го помири со себе“ (2 Коринтјаните 5:19). Бог страдал со Својот Син. Во агонијата во Гетсиманија, смртта на Голгота, срцето на бесконечната Љубов ја платило цената за нашето откупување.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 13.

Сподели го ова:

Поврзани статии