Сподели го ова:

1. БОГ Е ЉУБОВ

Недела, 28 јуни 2026

а. Каков доказ за Божјата љубов му е даден на човечкиот род?

Излез 34:6,7; Јона 4:2 (последен дел); Еремија 31:3.

„Божјото слово го открива Неговиот карактер. Самиот Тој ја објавил Својата неограничена љубов и милосрдие. Кога Мојсеј се молел: „Покажи ми ја својата слава“, Господ му одговорил: „Ќе ја покажам пред тебе сета Моја слава“ (Излез 33:18,19). Ова е Негова слава. Господ поминал пред Мојсеја и објавил: „Господ, Господ, Бог милостив, жалостив, долготрпелив и обилен со добрина и вистина, кој покажува милост кон илјадници, простува беззаконија, неправди и гревови“ (Излез 34:6,7). Тој е „спор на гнев и богат со милосрдие“, „Тој ужива да искажува милост“ (Јона 4:2; Михеј 7:18).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 10.

б. Која била Божјата цел кога Го испратил Својот Син?

Матеј 11:27; Јован 14:8, 9.

„Сатаната ги навел луѓето Бога да го замислуваат како суштество, чијашто основна особина е крута праведност – како суров судија, неумолив и строг доверител. Тој Творецот го претставувал како суштество кое со сомничаво око ги набљудува луѓето за да ги пронајде нивните заблуди и грешки и да ги излее врз нив Своите судови. За да ја отстрани оваа темна сенка, Исус дошол да живее меѓу луѓето, откривајќи му ја на светот бескрајната Божја љубов.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 10.

Сподели го ова:

Поврзани статии