Киноата е „псевдожитарка“ која сѐ повеќе е присутна на нашите трпези. Одгледувана повеќе од пет века на Андите, таа е нарекувана „златото на Инките“.
Здравствени придобивки од киноата
Киноата го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка што се користи во безглутенските диети. Таа е природен извор на витамин Б6 и минерали, како што се манганот (заштита од оксидативен стрес) и бакарот (нормална функција на нервниот систем).
Кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, хемороиди, запек, висок крвен притисок, рак на дебелото црево и прекумерна телесна тежина.
Што содржи киноата?
Протеини: Анализите покажуваат дека киноата е „комплетен протеин“, односно ги содржи сите есенцијални аминокиселини, што ја прави омилена кај веганите и вегетаријанците.
Растителни влакна: Содржи речиси двојно повеќе влакна од повеќето други зрнести производи, што помага во процесот на слабеење и дигестијата.
Минерали и Витамини: Богата е со магнезиум (83% од ДД), железо (43% од ДД) и рибофлавин (витамин Б2), кој помага при мигрени и главоболки. Важно е да се напомене дека не содржи глутен, ГМО, ниту додадени шеќери.
Нутритивна вредност (100g)
349.6 kcal
14.1 g
7 g
57.2 g
5.6 g
0.013 g
Минерали (% од дневна доза)
101%
65%
59%
53%
33%
31%
Како да ја консумирате?
Појадок: Додадете ја во млеко, јогурт, овесни каши или смути за енергичен почеток на денот.
Ручек: Идеална е како додаток во супи, сосови, варива или тестенини.
Вечера: Комбинирајте ја со кус-кус или свежи салати за лесен вечерен оброк.
Подготовка на киноа
Киноата значително го зголемува својот волумен: од 1 шолја сирова киноа се добиваат околу 3 шолји сварена.
- Добро измијте ја во цедилка со триење под млаз вода (за да се отстрани горчината).
- Користете сооднос 1:2 (една шолја киноа на две шолји вода).
- Додадете ја киноата во веќе зовриена вода.
- Варете на тивок оган 15–20 минути.
Бидете креативни: нејзиниот вкус овозможува разновидни кулинарски комбинации. Нека киноата стане дел од вашата секојдневна исхрана; дајте ѝ шанса и таа ќе ја покаже својата вредност.
