Сподели го ова:

5. ВЕТУВАЊЕ ЗА НАС

Четврток, 20 август 2026

а. Кое прекрасно ветување им го оставил Исус на Своите следбеници кои се соочуваат со предизвиците на непријателскиот свет?

Матеј 28:20.

„Кога Христос се вознесе на Небото, Неговите следбеници чувствуваа како Тој и понатаму да е со нив; дека е лично присутен, полн со љубов и светлина. Исус, Спасителот кој одел и разговарал со нив, се молел за нив, им ги кажувал зборовите на надеж и утеха на нивните срца, бил однесен од нив на Небото, и од облакот на ангелите што го опкружиле одекнал звук на Неговиот глас: – ’И еве Јас сум со вас во сите дни до крајот на светот!’ (Матеј 28:20).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 73, 74.

б. Кое важно упатство им оставил Исус на Своите ученици за да знаат што да прават во време на потреба?

Јован 16:23,24; 14:16– 18.

„Кога се собрале по вознесението, силно посакувале своите молби да му ги изнесат на Отецот во Исусово име…. Ја издигнувале раката на верата сè повисоко и повисоко, со моќно образложение: ’Исус Христос, кој умре, па уште и воскресна, кој е од десната страна на Бога и се моли за нас’ (Римјаните 8:34). Денот Педесетница им го донел присуството на Утешителот, за кој Христос рекол дека ’ќе биде во вас’. Освен тоа додал: ’Подобро е за вас Јас да одам, зашто ако јас не одам, Утешителот нема да дојде кај вас, а ако одам, ќе го испратам кај вас’ (Јован 14:17; 16:7). Од тогаш Христос требало постојано да живее со Духот во срцето на своите деца. Нивната врска со Него сега била потесна отколку кога Тој лично бил со нив. Од нив светела светлината, љубовта и силата на Христа кој живеел во нив, така што луѓето гледајќи ги нив, ’се восхитуваа и знаеја дека тие беа со Исуса’ (Дела 4:13).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 74.

Сподели го ова:

Поврзани статии