5. ПОСЕБНА РАДОСТ
Четврток, 26 ноември 2026
а. Зошто може да нè вдахновува тоа што желбата на Павловото срце толку многу ја одразувала Христовата? 1. Солунјаните 2:19, 20; Исаија 53:11.
„Кој може да процени какво влијание имало животното дело на Павле врз светот? Колку од сите тие благотворни влијанија кои го ублажуваат страдањето, ги тешат жалосните, го задржуваат злото, го издигнуваат животот над сѐ што е себично и телесно и го осветлуваат со надеж во бесмртност, колку од сето тоа треба да му се припише на делото на Павле и неговите соработници додека носејќи го Евангелието за Божјиот Син незабележани патувале од Азија кон бреговите на Европа? Колкава вредност би имал животот на секого кога би станал орудие во Божји раце за ширење на такви благословени влијанија? Колку ќе биде прекрасно во вечноста да се набљудуваат плодовите на едно такво животно дело?“
Извор: Воспитување, 70.
„Ние немаме вистинска претстава за тоа колку Неговите поуки значат за сите суштества создадени од Неговата рака. Тој навистина го љуби човечкиот род. Сакате ли да знаете колку? Размислувајте за она што се случило на Голгота.“
Извор: Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 284.
„Многумина насекаде околу нас треба само да се ослободат од своите предрасуди и да им се пружат докази од Речта Божја и тие радосно ќе ја прифатат сегашната вистина. Весниците треба да бдеат над душите како оние што ќе мораат за нив да дадат сметка пред Бога. Нивниот живот мора да биде живот на мачна работа и душевни страдања, додека над нив лежи товарот на драгоценото, но честопати презрено Христово дело. Тие мораат да ги жртвуваат сите земни интереси и удобности и нивна основна цел во животот е да направат сѐ што е во нивна моќ за да го унапредат делото на сегашната вистина и да ги спасат душите кои пропаѓаат. Тие за тоа ќе примат богата награда. Душите кои преку нив ќе бидат ослободени и спасени ќе блескаат како ѕвезди засекогаш и секогаш. И низ целата вечност тие ќе наоѓаат задоволство во тоа што направиле сѐ што било во нивна моќ за да ја прикажат вистината во сета нејзина убавина и чистота, така што душите ја возљубиле, се посветиле со неа и користејќи се со таа непроценлива предност, се збогатиле, се испрале со крвта на Јагнето и биле откупени за Бога.“
Извор: Рани списи, 61.
