Сподели го ова:

2. ЗАБОРАВЕН АПЕЛ

Понеделник, 16 ноември 2026

а. Како жените што се бојат од Бога треба да ги ценат Неговите начела на однесување, и како семејството и Црквата можат да ги охрабруваат во тоа? 1. Петрово 3:1-6; Филипјаните 2:14.

„Во нашите семејства и цркви се негуваат идоли чие влијание врз нас е исто толку силно како што било влијанието на златното теле врз Израелците. Ќе го преиспита ли нашиот народ своето срце? Ќе ја извршат ли пастирите својата задача како верни Божји стражари? Ќе ги забележат ли идолите што се негуваат и чуваат? Ќе сфатат ли сите што живеат во скромни животни околности дека, како Божји народ, треба да се разликуваат и да бидат одвоени од светот по својот начин на облекување, говор и однесување? Ќе увидат ли дека со своето идолопоклонство, и во малите и во големите нешта, се оддалечуваат од Бога? Кога ќе им се упатат зборови на укор, тие се засрамуваат, но не се каат.“

Извор: Коментари на библиските текстови, 834, 835.

„Впечатливата и раскошна облека премногу често ја поттикнува чулноста во срцето на оној што ја носи и буди ниски страсти кај оние што ја набљудуваат. Бог гледа дека пропаста на карактерот често е последица на попуштањето на гордоста и суетата во поглед на облекувањето.“

Извор: Counsels on Health, p. 602.

„Модата е божица која владее со надворешниот свет, но честопати се вовлекува и во црквата. Црквата треба да ја земе Божјата Реч како свое мерило, а родителите треба разумно да го сфатат ова прашање. Ако видат дека нивните деца се наклонети на прилагодување кон светската мода, тие, како Аврам, треба да преземат одлучни чекори – да заповедаат во својот дом. Наместо да ги соединуваат со светот, треба да ги поврзат со Бога.“

Извор: 5. Сведоштво, 499.

„За да ги заштитиме припадниците на Божјиот народ од изопаченото влијание на овој свет и да го сочуваме нивното физичко и морално здравје, воведовме реформа во поглед на облекувањето. Цел на оваа реформа не е да стане ропски јарем, туку благослов.“

Извор: 4. Сведоштво, 634.

б. Што ѝ дава сила на Црквата да се придржува до побожните начела и да го чува моралот во еден безбожен свет? Тит 2:1-5; Матеј 5:8.

„Драги сестри, треба да се клоните дури и од секаков привид на зло. Во ова забрзано време, обележано со расипаност, нема да бидете безбедни ако не бидете будни и внимателни. Доблеста и скромноста денес се ретки. Ве повикувам, како следбенички на Исус Христос кои го исповедате својот возвишен повик, да го цените и негувате овој непроценлив скапоцен камен – скромноста. Таа ќе ја сочува вашата чесност.“

Извор: A Solemn Appeal, p. 151.

Сподели го ова:

Поврзани статии