Да го задржиме фокусот

Сподели го ова:

1. ДА ГО ЗАДРЖИМЕ ФОКУСОТ

Недела, 8 ноември 2026

а. Кон што треба да биде насочено вниманието на сите што Му се предаваат на Христос? Колосјаните 3:1.

„Ние сме воскреснати со Христос. Христос е нашиот живот. Во Својата милост и нежна љубов, Тој нè прогласува за избрани, усвоени, помилувани и оправдани. Затоа, величајте Го Господа.“

Извор: Selected Messages, bk. 2, p. 245.

„Сопственото ’јас’ мора во тебе да умре и мораш да живееш во Бога. ’И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога’. Не дозволувај да те води сопственото ’јас’. Гордоста, самољубието, себичноста, лакомоста, алчноста, љубовта кон светот, омразата, сомничавоста, зависта, лошите претпоставки – сето тоа мора да се победи и да се жртвува засекогаш. Кога Христос ќе се појави, Тој нема да ги отстранува тие зла, притоа давајќи морална подготвеност за Неговото доаѓање. Сите тие подготовки мора да ги извршиме пред Тој да се појави. Предмет на нашето размислување и најсесрдното прашање секогаш треба да биде: Што треба да правиме за да се спасиме? Што треба да правиме за да Му угодиме на Бога?

Кога ќе паднеш во искушение да мрмориш, осудуваш и нерасположено да ги рануваш сите околу себе, ранувајќи ја со тоа и својата душа, запрашај од длабината на своето битие: Дали ќе бидам беспрекорен кога ќе се најдам пред Божјиот престол? Таму ќе бидат само оние што се беспрекорни. Никој нема да биде примен во небото додека срцето му е полно со овоземна нечистотија. Секој недостаток во карактерот мора овде да се отстрани, секоја дамка на гревот треба да се испере со Христовата крв, а секоја непожелна и одвратна особина мора да се победи.“

Извор: 1. Сведоштво, 705.

Сподели го ова:

Поврзани статии