6. лекција — Зајакнати од Спасителот
Сабота, 7 ноември 2026
Запомнете го стихот
„Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него, вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност“ (Колосјаните 2:6,7).
Предлагаме да прочитате: 1. Сведоштво, 290-302.
„Пред себе го имате големиот Пример, Исус Христос; одете по Неговите стапки и ќе бидете оспособени за секоја положба на која ќе бидете повикани.“
Извор: Fundamentals of Christian Education, p. 303.
Прашања за размислување
1. Зошто е мудро да ги ценам поуките што ги добивам од Библијата?
2. Наведи некои од подмолните опасности со кои се соочувам ако се стремам кон високо световно образование.
3. Како познавањето на Христовата природа може да нè направи подобри луѓе?
4. Што треба да разберам за Колосјаните 2:14,15?
5. За кои саботи зборува Павле во Колосјаните 2:16,17?
