Соочување со расипаноста

Сподели го ова:

5. СООЧУВАЊЕ СО РАСИПАНОСТА

Четврток, 22 октомври 2026

а. Која посебна група обратени луѓе може да биде вистинско вдахновение за сите што се наоѓаат во тешки околности, и зошто? Филипјаните 4:21,22.

„Дури и меѓу членовите на Нероновото домаќинство имало такви кои претставувале трофеи на победата на крстот. Меѓу лошите дворјани, на уште полошиот цар, имало луѓе кои се преобраќале и станувале Божји деца. Тие го прифатиле христијанството и тоа не тајно, туку јавно. Не се срамеле поради својата вера.“

Извор: Делата на апостолите, 463.

„Бог го расеал Својот народ на разни места за светлината на вистината да свети во мракот што ја обвива земјата. Колку е погуст мракот околу нас, толку посилно мора да свети нашата светлина за Бога. И доколку западнеме во тешкотии и искушенија, тоа воопшто не значи дека не се наоѓаме на местото што ни го одредило Провидението. Меѓу римските христијани Павле ги спомнува и оние „кои се од домот на Ќесарот”. За христијаните не постоела понеповолна морална атмосфера од онаа што владеела на римскиот двор за време на свирепиот и изопачен Нерон. Но тие што го примиле Христос, додека се наоѓале во служба на императорот, не мислеле дека треба да ја напуштат својата должност затоа што се обратиле. Тие верно сведочеле за Христос среде заводливите искушенија, огорченото противење и страшните опасности. Секој кој целосно ќе се потпре на божествената благодат може неговиот живот да го направи постојано сведоштво за вистината. Никој не се наоѓа во такви прилики да не може да биде вистински и верен христијанин. Колку и да се големи пречките, сите што се решиле да го слушаат Бога пред себе ќе имаат отворен пат. Тие што и под најнеповолни услови му остануваат верни на Бога со тоа стекнуваат најдрагоцени искуства. Со секоја совладана пречка, со секое искушение на кое му одолеале се засилува и нивната сила.“

Извор: 5. Сведоштво, 182.

Сподели го ова:

Поврзани статии