Сподели го ова:

1. СОЧУВСТВО

Недела, 18 октомври 2026

а. Што треба да научиме од начинот на кој Павле ги охрабрувал другите? Филипјаните 4:1.

„(Павле) им пишува како на мажи и жени, кои морале да се борат со искушенијата и биле во опасност да паднат… Кога заблудениот ќе ја воочи својата грешка, внимавајте да не го уништите неговото самопочитување. Немојте да го обесхрабрувате, укажувајќи му недоверба и незаинтересираност. Не велете: ’Немам доверба во него, додека не видам дали ќе се одржи’. Честопати, оние што се во искушение, се сопнуваат токму заради тоа што се нема доверба во нив.“

Извор: Здравје и среќа, 167.

„Доброто расположение го просветува умот, а храмот на душата го осветлува со сигурност што имаме мир со Бога, надеж за вечен живот преку Христос, и задоволство и другите да ги усреќиме со радоста којашто нема ништо заедничко со тагата.“

Извор: Мојот живот денес, 177.

б. По што биле значајни некои од поединците што Павле ги спомнува? Филипјаните 4:2,3; Откровение 20:15.

Сподели го ова:

Поврзани статии