4. ДА ЈА ИМАМЕ ВЕЧНОСТА ПРЕД ОЧИ
Среда, 30 септември 2026
а. Зошто можеме да бидеме вдахновени од извонредното сведоштво на Павле? Галатјаните 6:14; Филипјаните 1:19–21.
„Најблизу до Христос ќе биде оној што на Земјата најмногу ќе се напои со духот на Неговата самопожртвувана љубов, љубов која ’не се фали, не се вообразува… не го бара своето, не се лути лесно, не мисли зло’. (1. Коринтјаните 13:4,5); од љубовта која ги поттикнува учениците, како што го поттикнала нашиот Господ да даде сѐ, да живее и да работи и да се жртвува сѐ до смрт, заради спасение на човештвото. Тој дух се манифестирал во животот на Павле. Тој вели: ’За мене да се живее е Христос,’ бидејќи неговиот живот им го открил на луѓето Христос; ’а смртта добивка’ добивка за Христос; самата смрт би ја покажала силата на Неговата благодат и би привлекла души кон Него. ’Христос ќе се возвеличи во моето тело,’ рекол тој, ’било преку животот било преку смртта’”. (Филипјаните 1:21,20).“
Извор: Копнежот на вековите, 549.
„Павле бил жив пример за тоа каков треба да биде секој христијанин. Тој навистина живеел за Божја слава… Оној што некогаш го прогонувал Христос во лицето на Неговите свети, сега го издигал Христовиот крст пред светот. Срцето на Павле горело од љубов кон изгубените души и сите свои сили ги посветил на делото на нивното обраќање. Никогаш немало поусрден, поистраен и понесебичен работник. За него Христос бил сè во животот; тој ги вршел Христовите дела. Сите благослови што ги примал ги ценел како предности што треба да ги употреби за благословување на другите.“
Извор: Коментари на библиските текстови, 725.
„’Зашто за мене животот е Христос’, вели Павле. Овде, во само неколку зборови, е дадена најсовршената претстава во целото Свето писмо за тоа што навистина значи да се биде христијанин. Тоа е сета вистина на евангелието.“
Извор: Коментари на библиските текстови, 747.
б. Каква перспектива треба да имаме за нашите должности на оваа земја додека го очекуваме Второто Христово доаѓање? Филипјаните 1:22-24; 2. Тимотеј 4:8; Јован 14:3.
„Иако големата конечна награда ќе биде примена дури при Второто Христово доаѓање, искрената служба за Бога носи награда уште во овој живот. Работникот ќе мора да се соочува со пречки, противења и горчливи разочарувања што го растргнуваат срцето. Можеби никогаш нема да ги види плодовите на својата работа. Но, и покрај сето тоа, во самата работа тој наоѓа прекрасна и благословена награда. Оние што му се посветиле на Бога во несебична служба за човештвото стануваат соработници на Господарот на славата. Оваа мисла го засладува секој труд, ја зацврстува волјата и го оживува духот за сè што може да ги снајде.“
Извор: Christian Service, p. 270.
