5. ОСНАЖЕНИ ПРЕКУ ВЕРАТА
Четврток, 1 октомври 2026
а. На кој начин Павловиот став може да влее надеж во нас? Филипјаните 1:25-28.
„Верните Божји гласници мора цврсто и постојано да ја извршуваат својата задача. Вооружени со сето небесно оружје, тие мора да го продолжат патот бестрашно и победоносно, не престанувајќи да се борат сè додека секоја душа до која можат да допрат не ја прими пораката на вистината за ова време.“
Извор: Делата на апостолите, 220.
б. Како Христовиот пример нè оснажува? Филипјаните 1:29, 30; Исаија 53:8-11.
„Што го крепело Божјиот Син при Неговото предавство и судење? Тој го видел плодот од трудот на Својата душа и бил задоволен. Тој ја согледал бескрајната вечност и среќата на оние што, преку Неговото понижување, ќе примат проштавање и вечен живот. Бил ранет за нивните престапи и биен за нивните беззаконија. Казната за нивниот мир паднала врз Него, а преку Неговите рани тие биле исцелени. До Неговите уши допирале восклиците на откупените. Тој ги слушал спасените како ја пеат песната на Мојсеј и на Јагнето. И ние треба да имаме јасна претстава за иднината и за блаженството на небото. Да застанеме на прагот на вечноста и да го слушнеме срдечното добредојде упатено до оние што соработувале со Христос во овој живот, сметајќи го за предност и чест тоа што страдале за Него… Таму откупените ќе ги поздрават оние што ги упатиле кон Спасителот воздигнат на крстот. Тие ќе се соединат во славење на Оној што умрел за човечките суштества да имаат живот што по своето траење може да се спореди со Божјиот живот. Борбата е завршена. На сите маки и неволји им дошол крајот. Кога откупените ќе се соберат околу Божјиот престол, песната на победата ќе го исполни целото небо.“
Извор: 8. Сведоштво, 43, 44.
