Посветен живот
Еден збор за читателите на оваа книга
Под главен наслов „Посветување”, во првите изданија на „Review and Herald” за 1881 година, излезе серија корисни статии од перото на Елена Г. Вајт. Пишувајќи со длабоко искуство во Божјите работи и со ум и срце расветлени од Светиот Дух, таа внимателно ги истражувала елементите на вистинското посветување и ги споредувала со разни нечесни, но популарни теории за овој предмет. {ПЖ 5.1}
Во истата деценија овие единаесет статии биле собрани и издадени како книшка под наслов „Библиско посветување” и се појавиле во јануари 1889 година, како мало Сведоштво бр. 1 на Библиската студентска библиотека. {ПЖ 5.2}
Во 1937 година, под попознатиот наслов „Посветен живот”, овој материјал бил повторно печатен, со додаток на една статија од делото „Пророци и цареви” и книшката го добила сегашниот облик, во кој повеќе пати е печатена. Оваа мала книга стаса до многу илјади читатели. {ПЖ 5.3}
Во нов формат, но без никакви измени во технички поглед, оваа длабоко духовна и долговечна книга е издадена за уште подалечно ширење. За многу поудобно користење од страна на читателите, на крајот е додаден опширен индекс на предметите за кои се работи во книгата. {ПЖ 5.4}
Овој индекс во потполност се согласува со големиот Индекс на списите на Е. Г. Вајт, а цитати од ова дело се наоѓаат во Библискиот коментар на А.С.Д. {ПЖ 5.5}
Одбор за списите на Елена Г. Вајт
Вашингтон, јули, 1956 година
