Христијанска умереност
Извадоци
Здравјето е ризница на богатството. – Од сите овоземски добра, здравјето е најскапоцено. Трупањето богатства (од материјална природа), образование и чест е премногу скапо ако поради тоа се загуби силата на здравјето. Ниедно од овие предности не може да обезбеди среќа ако здравјето е загубено. Злоупотребувањето на здравјето, на тој дар што ни го подарил Бог, претставува страшен грев; таквото злоупотребување, дури и кога би успеале да стекнеме некакво воспитување, ги ослабнува нашите животни сили и ни донесува само загуба. {ХУ 150.1}
Моќта на сатаната. – Ми беше прикажана состојбата на човечкиот род кој е многу ослабнат. Секоја генерација е послаба од претходната и болеста во сите можни облици ги измачува луѓето. Илјадници кутри смртници, деформирани, болежливи, со растроени нерви и помрачен ум живеат многу беден и несреќен живот. Моќта на сатаната над човечкото семејство е се поголема. Ако Господ не дојде наскоро да му стави крај на неговото (на сатаната) бездушно дело, земјата наскоро би останала без жители и сосема пуста. {ХУ 150.2}
Ми беше покажано дека сатаната со својата сила особено мачно делува и го измачува Божјиот народ. Мнозина ми се прикажани во состојба на неизвесност, сомнеж, црни претчувства и очајување. Телесната немоќ влијае и врз умот. Итриот и моќен непријател не следи во чекор и ја употребува сета своја сила и умешност во настојувањето да нѐ одврати од вистинскиот пат. Причината за ваквата состојба најчесто е во тоа што Божјиот народ не е доволно буден и затоа не ги препознава неговите лукавства. Тој се служи со орудија зад кои може најдобро да се сокрие и често ја остварува својата цел. {ХУ 150.3}
Апетит. – Божјиот народ, благодарение на Неговото Провидение, е одвоен од застранетите навики на овој свет, од попуштањето на апетитот и страстите, за да може цврсто да застане на платформата на самооткажувањето и умереноста во секој поглед. Народот што го води Бог ќе биде особен народ. Тој ќе се разликува од останатиот свет. Покорувајќи му се на Господовото водство, ќе ги извршува Неговите намери, а својата волја потполно ќе и ја потчини на Неговата. Христос ќе престојува во срцата на таквите луѓе. Храмот Божји ќе биде свет. Вашето тело – вели апостолот – е храм на Светиот Дух. Бог не бара од Своите деца да се воздржуваат од нешто за сметка на својата физичка сила. Напротив, Тој од нив бара да им се покоруваат на законите на природата, за да го сочуваат своето здравје. Природниот начин на живот го претставува патот што Тој го покажал и тоа е сосема доволно за секој христијанин. Со својата дарежлива рака, Бог не надарил со изобилство на разновидни производи кои ги задоволуваат сите наши потреби. Меѓутоа, за да имаме природен апетит, со што ќе го сочуваме здравјето и ќе го продолжиме својот живот, Тој ги ограничил тие желби. Тој вели: Чувај се! воздржувај се и отфрли ги неприродните потреби. Ако создаваме изопачен апетит, ние ги кршиме законите на нашето битие, носиме одговорност за злоупотреба на телото и самите се изложуваме на болест. {ХУ 150.4}
Бог изобилно и великодушно се погрижил за животните потреби и среќата на сите Свои созданија. Кога неговите закони не би се престапувале и кога сите би живееле во согласност со неговата волја, наместо бедата и злото кои секогаш и секаде преовладуваат, сите луѓе би биле здрави, спокојни и среќни. {ХУ 151.1}
Некои немаат впечаток дека поуката: „Јадете ли, пиете,… сето тоа правете го на слава Божја” е неопходно да се применува во секојдневниот живот. Тие гледаат да го задоволат својот апетит во секое време и насекое место. Тоа се гледа и во семејството, во црквата, на состаноците и во воспитувањето на децата. Тоа е проклетството на нивниот живот. И токму поради тоа тие не можат да ги разберат вистините наменети за овие последни денови. {ХУ 151.2}
Покажано ми е дека Бог од никого не бара толку строго штедење за со тоа да го оштети или ослабне своето тело кое Го претставува Неговиот храм. Во Неговата Реч има барања телото да се понизи и должност да се измачува душата; меѓутоа, не е потребно да се создаваат страдања ниту да се измислуваат должности со кои телото ќе се измачува и исцрпува за да се понизи. Сето тоа е надвор од рамките на Божјата Реч. {ХУ 151.3}
Времето на неволјата е токму пред нас и тогаш суровата неопходност ќе бара Божјиот народ да се откажува од себеси и да јаде само толку за да го одржи животот; но Бог Своите избраници ќе ги подготви за тие денови. Во тој страшен час, нивната потреба за Господ ќе претставува можност да им подари си ла и да го одржи Својот народ. Меѓутоа, Тој сега бара од нив да работат со своите раце некоја корисна работа и, сразмерно со благословите што Тој им ги подарува, да приложуваат во Неговата ризница, на тој начин придонесувајќи за ширењето на вистината. Тоа е должноста што лежи врз сите оние кои не се особено повикани да работат со збор и поука и да го посветуваат своето време за упатување на другите на патот на животот и спасението. {ХУ 152.1}
Оние што работат со свои раце, а исто така и оние што работат со збор и наука, мораат да водат сметка за тоа да ги сочуваат своите физички сили, зашто сатаната и неговите зли ангели војуваат против нив, настојувајќи да го поткопаат нивното здравје. Кога приликите им дозволуваат, тие треба да се одморат и физички и умно и да земаат здрава и добра храна, бидејќи ќе мораат да ги употребат сите свои сили. Видов дека Бог ни најмалку не се прославува со тоа ако некои од Неговите народи самите на себе си создаваат време на неволја. Времето на неволји ќе дојде и тоа е токму пред нас, но Тој ќе не подготви за тој страшен судир. {ХУ 152.2}
Попуштањето на телото и желбите војува против душата и претставува постојана пречка за духовен напредок. Оние кои им се оддаваат на толку ниски побуди ги обвинува совеста и кога ќе се изнесе строгата вистина тие се готови да се соблазнат. Тие се обвинуваат сами себе и сметаат дека таквите теми намерно се избираат само за тие да бидат укорени. Се чувствуваат навредени и ожалостени и се повлекуваат од собранието и заедницата. Толку бргу го губат интересот за заедницата и љубовта кон вистината. Кога таквите би ги распнале своите телесни желби, стрелите на вистината не би ги ранувале. Меѓутоа, сѐ додека тие им се препуштаат на грешните желби и на тој начин ги негуваат своите идоли, тие самите себеси се прават цел за стрелите на вистината; и кога вистината им се изнесува на сите присутни, тие мораат да бидат ранети. {ХУ 152.3}
Некои сметаат дека не можат да се реформираат и дека 6и го уништиле своето здравје ако престанат да употребуваат чај, тутун и месо. На такви мисли ги наведува самиот сатана. Тие штетни надразнувачки средства сигурно ќе ја поткопаат отпорноста на организмот и ќе го приготват патот за болестите, зашто го нарушуваат сложениот склоп на човечкото битие и ги разоруваат одбранбените утврдувања кои природата ги подигнала против болестите и предвременото распаѓање. {ХУ 1531.}
Има и такви кои би сакале некој да им каже колку треба да јадат. Не би требало да биде така. Во своите постапки, ние треба да поаѓаме од морален и верски став. Треба да бидеме умерени во сѐ, зашто се бориме за нераспадлив венец и небесно богатство. {ХУ 153.2}
Сакам да им кажам на моите браќа и сестри: би сакала да имам морални сили цврсто да се држам за ставот што го заземав и да владеам со себе. Не 6и сакала таа одговорност да ја пренесувам на некој друг. Вие јадете премногу, а потоа се жалите и мислите само на јадење и пиење. Јадете го она што најдобро му одговара на здравјето и одете право по својот пат, чувствувајќи дека сте чисти во очите на небото и нема да имате потреба да страдате од грижа на совеста. {ХУ 153.3}
Ние веруваме дека од искушенијата не се сосема ослободени ниту децата ниту возрасните. На сите ни претстои борба и мораме да заземеме одреден и цврст став за да им се спротивставиме на нападите на сатаната. {ХУ 153.4}
Има и такви кои ја исмеваат здравствената реформа тврдејќи дека сето тоа е непотребно и дека тоа е само едно возбудување кое има за цел мислите на народот да ги одврати од сегашната вистина. Тие велат дека тоа одведува во крајност. Таквите не знаат што зборуваат. Додека мажите и жените што исповедаат побожност се болни од глава до петици, додека нивните физички и морални способности се ослабнати поради задоволувањето на изопачениот апетит и прекумерна работа – како можат тие да ги оценуваат доказите за вистината и да ги разберат Божјите барања? Ако нивните морални и умствени способности се затемнети, тие не се во состојба да ги ценат предностите на искупувањето или значењето на Божјото дело во облагородувањето на карактерот, ниту пак, наоѓаат задоволство во проучувањето на Неговата Реч. Како еден нервозен диспептичар (оној што страда од лошо варење) може секогаш да биде подготвен на секого што ќе го праша за неговата надеж да му одговори со кротост и страв Божји? Бидејќи таквиот набргу станува збунет, потресен и со својата болна фантазија наведен работите да ги гледа во сосема лошо светло и со недостиг на онаа кроткост и смиреност што го карактеризирале Христовиот живот, тој ја обесчестува својата вера расправајќи се со неразумни луѓе. {ХУ 153.5}
Како народ, и покрај целото истакнување на здравствената реформа, ние премногу јадеме. Попуштањето на апетитот претставува најголема причина за физичка и умна изнемоштеност и положува темел за многубројни болести кои секаде се појавуваат. {ХУ 154.1}
Владејачката моќ на апетитот ќе им донесе пропаст на илјадници кои, да победеле во тоа, би имале морална сила да извојуваат победа над секое друго искушение. Меѓутоа, оние кои му робуваат на апетитот нема да успеат да го достигнат совршенството на христијанскиот карактер. Постојаните престапи во текот на шест илјади години на човекот му донеле болест, страдања и смрт како неминовни последици и плодови. И колку повеќе се приближуваме кон крајот, искушенијата на сатаната во поглед на попуштањето на апетитот ќе бидат се посилни и ќе биде сѐ потешко да им се пружи отпор. {ХУ 154.2}
Малкумина се малку оние кои се доволно будни да разберат во колкава мерка навиките во јадењето влијаат врз нивното здравје, карактерот, полезноста во овој свет и врз нивната вечна судбина. Покажано ми е дека оние кои ја прифатиле светлината пратена од небото и ја сфатиле нејзината полезност и благодет, се должни да покажат поголем интерес за оние кои сѐ уште страдаат поради незнаење. Оние што ја празнуваат саботата и го очекуваат скорото доаѓање на својот Спасител, треба повеќе од сите други да покажат интерес за ова големо дело на реформа. Мажите и жените мораат да бидат поучени; и проповедниците и членовите мораат да почувствуваат одговорност да расправаат по ова прашање настојувајќи да ги поучат другите. {ХУ 154.3}
Да се биде упатен во науката за чување и негување на здравјето е должност на секое семејство и секој поединец кој тврди дека верува во сегашната вистина. {ХУ 155.1}
Илјадници таканаречени Христови следбеници им робуваат на апетитот и страстите. Поради блискоста со гревот нивните чувства отапеле до таа мерка што злото им делува привлечно, наместо да им биде непријатно и одвратно. Крајот на се е многу блиску. Бог нема уште долго да ги поднесува злосторствата и унижувачкото беззаконие на човечките синови. Нивните гревови допреле до небото и земјата набргу ќе биде погодена од страшните Божји казни. Тие ќе ја испијат чашата на Неговиот гнев, непомешан со милост. {ХУ 155.2}
Искушување на заедницата: – Злоупотребата на стомакот со задоволување на апетитот е најчестиот извор на искушенијата што ја потресуваат заедницата. Оние кои јадат и работат неумерено и неразумно, тие и зборуваат и постапуваат неразумно. Не е неопходно да се пијат алкохолни и силни пијалаци за човекот да стане неумерен. Гревот на неумереност во јадењето – покажан во премногу честото и прекумерно земање на храна или со употреба на силно зачинети и нездрави јадења – ги уништува органите за варење, влијае врз мозокот, го изопачува расудувањето и го оневозможува разумното, трезвено и здраво размислување и работа. За да на Бога Му биде угодна состојбата на оние кои го претставуваат Божјиот народ, за да можат да Го слават со своите тела и дух, „кои се Божји”, тие ревно и усрдно мораат да се откажат од угодување на апетитот и во се да бидат умерени. Тогаш ќе бидат во состојба да ја разберат вистината во сета нејзина убавина и јасност, да ја применуваат во својот секојдневен живот и, постапувајќи промислено и искрено, да не им даваат на непријателите на нашата вера можност да ја нагрдуваат вистината. Од сите што веруваат во вистината Бог бара непрекинато да вложуваат напори за, одржувајќи го своето здравје во најдобра можна состојба, да се подготват за сериозната и значајна задача која е пред нас. Оваа задача бара здрав ум и здраво тело. За стекнување на здраво верско искуство, за напредување во христијанскиот живот и развивање насветоста, здавјето е важно исто онака како што раката или ногата му се неопходни на човечкото тело. Бог бара од нас, како негов народ, „да се очистиме од секаква нечистотија на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји” (2. Коринтјаните 7:1). Сите оние кои се незаинтересирани и кои настојуваат да се ослободат од сваа задача, очекувајќи Господ да го изврши за нив она што Тој бара тие самите да го сторат, ќе се најдат недостојни, додека „сите смирени на земјата… што ги извршувате законите Негови… ќе се сокриете во денот на гневот Господен” (Софонија 2:3). {ХУ 155.3}
Готвење. – Поради недостиг на знаење ! умешност во поглед на готвењето, многу жени и мајки секојдневно изнесуваат пред своите семејства лошо подготвена храна која постојано ги слабее органите за варење и создава слаба крв; последици се зачестени воспаленија на чувствителните органи, а понекогаш и смрт, со употреба на тешко разградлив и кисел леб се жртвуваат животите на мнозина. Раскажана ми е ваква случка: Една домашна помошничка испекла полна печка ваков леб. За да се ослободи од него и да го сокрие, таа целиот тој леб го фрлила на свињите. Следното утро, домаќинот своите свињи ги нашол мртви и откако пребарал се, нашол парчиња од овој леб. Ја повикал девојката на одговорност и таа признала што сторила. Не мислела на тоа какви последици ќе има таквиот леб за свињите. Ако киселиот и тешко разградлив леб е убиствен за свињата која е во состојба да проголта змија и речиси секаква одвратна работа, какво дури мора да е неговото влијание врз така нежен орган како што е желудникот на човекот? {ХУ 156.1}
Верска должност на секоја христијанка, без оглед дали е девојка или мажена жена, е да знае да замеси и подготви добар, сладок и лесен леб од брашно неодделено од триците. Мајките треба да ги поведат своите ќерки со себе во кујната и да ги учат на умешноста на готвењето додека се сѐ уште сосема млади. Тие не можат да очекуваат нивните ќерки да ја разберат тајната на одржување на домаќинството без претходно воспитување, треба да ги воспитуваат трпеливо и љубезно и со веселоста на своето лице и со зборови на одобрување таа работа да им ја направат колку е можно попријатна. Ако не успеат еднаш, два пати или три пати, немојте да ги укорувате. Обесхрабреноста веќе го прави своето и тие доаѓаат во искушение да кажат: „Ништо не помага. Јас тоа не можам да го научам”. Тогаш не е време за укори. Тие ја губат волјата. Треба да се поттикнуваат со зборови на надеж: „Не мислете на грешките што сте ги направиле. Вие сте само ученички и морате да очекувате дека ќе правите пропусти. Обидете се повторно. Мислете на она што го правите. Бидете внимателни и грижливи и сигурно ќе успеете.” {ХУ 157.1}
Многу мајки не ја согледуваат важноста на оваа гранка на воспитување и за да немаат маки и грижи учејќи ги своите деца и поднесувајќи ги нивните пропусти и грешки, тие повеќе сакаат сите работи околу готвењето да ги преземат врз себе. И кога нивните ќерки ќе направат некаква грешка во своите напори, тие ги одвратуваат од понатамошни обиди, зборувајќи: „Тоа воопшто не чини; ти не можеш да го направиш ова или она. Ти си сплеткана и повеќе ме мачиш отколку што ми помагаш.” На тој начин првите напори на ученичките се сузбиваат и нивното воодушевување и интерес да учат заладуваат, тие не се осмелуваат да се обидат повторно и попрво се зафаќаат со плетење, шиење, чистење на куќата – се согласуваат да работат било што друго, само да не готват. Тоа е голем пропуст на мајката. Таа мора да биде многу трпелива додека ги поучува своите ќерки, за да им помогне да станат практични, умешни и способни домаќинки. {ХУ 157.2}
Здравата храна, подготвена на таков начин што секому ќе му биде вкусна, претставува повеќекратна благодет. Од животно значење е да знаете како да готвите. Лошо подготвената храна создава болест и лош карактер; организмот станува пореметен и умот веќе не е во состојба да ги распознава небесните вистини. Готвењето и подготвувањето на здрава храна е во многу потесна врска со исповедањето на верата отколку што обично се мисли. Понекогаш, кога ќе се најдев во туѓа куќа, знаев дека нивниот леб како и останатите на маса изнесени јадења ќе ми штетат, но сум била принудена да јадам колку да го одржам животот. Употребата на таква храна претставува грев во очите на небото. {ХУ 157.3}
Млеко и шеќер. – Употребата на млеко и шеќер заедно во големи количини е штетна. Со тоа во организмот се внесува нечистотија. Животните од кои се добива млекото не се секогаш здрави. Кога би знаела дека животните се совршено здрави, повеќе би ја препорачала употребата на месото отколку големи количества на млеко и шеќер. Тоа не би било толку штетно за организмот колку што се штетни млекото и шеќерот. {ХУ 158.1}
Ќе изнесам една случка која се случи во Мичиген. Се работи за човек со многу отмен изглед. Бев повикана да го посетам во неговата болест и прво разговарав со него за неговиот начин на живот. „Не ми се допаѓа како ви изгледаат очите”, му реков. Тој внесуваше големи количества шеќер и, како одговор на моето прашање зошто го прави тоа, ми кажа дека го оставил месото и не знаел со што може толку добро да го замени како со шеќер. Не беше задоволен од својата исхрана. Тој човек страдаше едноставно затоа што неговата жена не знае да готви. Таа направила пропуст во оваа значајна гранка на воспитанието; и бидејќи, како последица од тоа, лошо подготвената храна не можела да ги задоволи потребите на организмот, шеќерот бил неумерено употребуван и тоа довело до заболување на целиот организам. Се потрудив на колку е можно подобар начин да им прикажам како треба да се храниме и овој болен човек наскоро почна да заздравува. Но, немудро се обиде да ги испроба своите сили кога сѐ уште не беше подготвен да го стори тоа, изеде мало количество на нездрава храна и повторно падна во постела. Овој пат веќе не можеше да му се помогне. Целиот негов организам изгледаше како да се распаѓа жив. Тој умре како жртва на лошото готвење. {ХУ 158.2}
Домашни обврски на учениците: – Без оглед на тоа какви предности ученикот ќе стекне со читањето книги, неговиот карактер сѐ уште не е вообличен ако тој нема искуство во практичните должности на секојдневниот живот. {ХУ 159.1}
Облекување. – Ние како народ не сметаме за своја должност дека мораме да излеземе од светот за да бидеме надвор од секоја мода. Ако имаме едноставно, пристојно и удобно сошиена облека, и некој друг го избере истиот модел, дали во тој случај треба да го менуваме својот начин на облекување само за да се разликуваме од другите? – Не, не треба да бидеме чудаци во начинот на облекување само за да се разликуваме од светот: со таквите постапки 6и предизвикале презир, христијаните треба да бидат видело на светот и сол на земјата. Облеката треба да ни биде уредна и пристојна, разговорот чист и побожен, а однесувањето беспрекорно. {ХУ 159.2}
Одбегнување на должностите. – Оние што, и покрај тоа што примиле светлина во поглед на едноставноста во облекувањето и покорување на моралните и физичките закони, сѐ уште и вртат грб на таа светлина, ќе ги одбегнуваат своите должности и во друг поглед. Одбегнувајќи го крстот кој би требале да го понесат за да го усогласат својот живот со законите на природата, тие ја отапуваат својата совест; и, за да ги избегнат префрлувањата и замерките, тие ќе го погазат и законот од Десетте заповеди. Некои одлучно покажуваат несклоност да го понесат крстот и го презираат срамот. {ХУ 159.3}
Правата на жената. – Постојат шпекулации во врска со правата на жената и нејзините должности во поглед на правото на глас; меѓутоа, многу жени ја немаат неопходната дисциплина за да го разберат ова многу значајно прашање. Тие живеат само за да се поведуваат по модата и да му се препуштаат на задоволувањето на своите желби. Жените кои 6и можеле да развијат особини на силен ум, да го усовршат и облагородат својот карактер, напросто се робинки на модата. Им недостасува широчина на мислите и интелектуална култура. Тие со разбирање можат да зборуваат за најновата мода и за претстоечката приредба или забава, но не се подготвени разумно да учествуваат во политички активности. Тие напросто се прозивод на околностите. {ХУ 159.4}
Движење. – Воздухот е благодет од небото која можеме да ја искористиме слободно и бесплатно, тој го оживува и закрпенува целиот организам. Без чист воздух, телото станува склоно на болести, тромо и слабо. {ХУ 160.1}
Лекарите на изнемоштените лица често им советуваат да одат во странски земји, во минерални бањи, па дури и да го преминуваат океанот за да го повратат здравјето; додека со умереност во јадењето, со здраво движење и добро расположение деведесет од сто вакви случаеви би можеле да оздрават и дома и да заштедат време и пари. Движењето и колку е можно пообилното користење на слободниот воздух и сонцето – благодети со кои не надарило небото – во многу случаеви би им дале живот и сила на исцрпените инвалиди. {ХУ 160.2}
Мнозина страдаат од прекумерно умно напрегање неублажено со физичко движење. Како последица на тоа нивните работни способности слабеат и тие стануваат склони кон одбегнување на одговорности. Ним им е потребна поактивна работа. Тоа не е случај само со оние чии глави веќе ги оросила сланата на времето; младите луѓе запаѓаат во слична состојба и стануваат умствено слаби. {ХУ 160.3}
Строгата умереност во животните навики, со настојување да работат мускулите, а не само мозокот, ќе ја сочува и умствената и физичката енергија и ќе им даде сила и издржливост на оние кои работат како проповедници и редактори и на сите кои, главно, работат седејќи. {ХУ 160.4}
Проповедниците, учителите и студентите не постапуваат разумно како што би требало во поглед на неопходноста на движењето и физичките вежби на свеж воздух. Тие ја запоставуваат оваа должност која е најважна за зачувување на здравјето. Својот ум го сосредоточуваат само на проучување, а јадат исто како и луѓето кои работат физичка работа. Поради таквите навики некои премногу се здебелуваат, зашто организмот им е презаситен. Други, пак, ослабнуваат поради постојаната исцрпеност на животните сили со исфрлување на прекумерно внесената храна. Црниот дроб, поради преоптовареност, не е во состојба да ја исфрли нечистотијата од крвта и болеста е неизбежна. Кога покрај умереното напрегање би се практикувале и физички вежби и движење, би се забрзала циркулацијата на крвта, би се подобрила работата на срцето, нечистите материи би биле излачени и отстранети од организмот, а нов живот и сила би потекле низ сите делови од телото. {ХУ 160.5}
Кога проповедниците, учителите и студентите со постојано учење и размислување го оптоваруваат својот ум, а телото го оставаат во целосна неактивност, тие на тој начин го преоптоваруваат својот нервен систем се додека и тој не стане неактивен. Трупајќи го целиот товар на својата дејност само врз умствените органи, тие ги преморуваат овие органи со работа и на тој начин ги ослабнуваат, додека мускулите им ја губат силата поради недвижење. Тие немаат склоност да ги вежбаат своите мускули со физички напори; напрегањето им изгледа заморно и бргу им здосадува. {ХУ 161.1}
Делото во кое ние учествуваме е свето дело. Апостолот Павле ги разбудува своите браќа со овие зборови: „И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква нечистотија на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји” (2. Коринтјаните 7:1). Наша должност пред Бога е да го држиме своето срце чисто, за тоа да може да биде храм на Неговиот Свети Дух. Ако со сето срце и ум и се посветиме на службата Божја, држејќи ги сите Негови заповеди, ако со цело срце, со сите мисли, умот и сета сила Го љубиме Бога, а ближните како самите себеси, ќе се најдеме како верни и предадени на сите барања на небото. {ХУ 161.2}
Ние сега се наоѓаме во Божјата работилница. Мнозина од нас се слични на груби камења донесени од каменолом. Меѓутоа, под воспитното дејство на вистината врз нашето срце, исчезнува секоја несовршеност и ние се подготвуваме како живи камења донесени од каменолом. Меѓутоа, под воспитното дејство на вистината врз нашето срце, исчезнува секоја несовршеност и ние се подготвуваме како живи камења да засветиме во небесниот храм, таму каде што ќе ни биде овозможен пристап во друштвото и разговорот не само на светите ангели туку и на самиот Цар на небото. {ХУ 161.3}
Свеста за тоа дека правилно сме постапиле претставува најдобар лек против болестите на телото и душата. Оние кои се надарени со здравје и сила уживаат особени Божји благослови. Оној што има мир во душата и задоволство во Господа, се наоѓа на патот на здравјето. Да се биде осведочен дека Господовите очи се врз нас, дека Неговите уши се отворени за нашите молитви, навистина значи задоволување. Да се знае дека имаме Пријател на Кој можеме да му ја довериме секоја тајна на нашата душа – е предност која не може да се искаже со зборови. Оние, чии морални сили се осенчени со болест не можат правилно да го претставуваат Христовиот живот, ни убавината на светоста. Тие премногу често запаѓаат во огнот на фанатизмот или во водата на студената формалност, или пак, во состојба на тешка зачмаеност. Христовите зборови: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде” (Матеј 6:33), се повредни од мислењето и препораките на сите лекари на светот. {ХУ 162.1}
