Погрешни поими за тоа што всушност претставува искуството

Повозрасен човек ги преиспитува своите уверувања додека со помлад човек ги споредува резултатите од негата на две растенија

Христијанска умереност

Погрешни поими за тоа што всушност претставува искуството

Сподели го ова:

Искуството, вели народот, е најголем учител. Вистинското искуство навистина е нешто повеќе од само теоретско знаење, но мнозина имаат погрешни идеи за тоа што, всушност, значи искуството. Вистинското искуство се стекнува со различни опити и проверувања, при што умот е слободен од предрасуди поради однапред создадени мислења и навики. Резултатите од опитот се забележуваат внимателно и усрдно, во искрена желба да се научи, поправи и реформира се што не е во согласност со физичките и моралните закони. {ХУ 109.1}

Искуството не е сето она што мнозина го нарекуваат со тоа име и што, просто, е резултат на некоја навика или попуштање направено од лекомисленост, а често и од незнаење. Тука немало некаков добар обид преземен врз основа на вистински огледи и темелни испитувања, ниту пак познавања на принципите според кои при ваква постапка треба да се раководи. Врз искуството кое е во спротивност со природните закони кое се коси со непроменливите принципи на правдата не можеме да се потпреме. Суеверието кое потекува од болната фантазија често му се спротивставува на разумот и научните принципи. На мнозина и самата помисла дека некои можеби му противречат на она што помисла дека некои можеби му противречат на она што тие од искуство го научиле им делува како безумие, па дури и суровост. Меѓутоа, погрешното мислење за искуството претставува причина за многу заблуди повеќе од било што друго. Денес има многу болни кои и ќе останат такви поради тоа што не можат да се осведочат во тоа дека нивното искуство е несигурно. {ХУ 109.2}

Погрешните навики и обичаи ги оковуваат и стегаат мажите и жените како железен обрач и тие често се повикуваат на тие обичаи кои ги нарекуваат искуства. Под тој изговор се негуваат многу, па дури и најгруби простачки навики. Поради тоа што се потпираат на наводното искуство кое се коси со најпознатите утврдени факти, мнозина не успеваат да постигнат физички, морален и умствен развој каков инаку би можеле да постигнат. Мажите и жените кои со лоши навики го уништиле своето здравје и си го упропастиле организмот, им ги препорачуваат и на други нивните „искуства”, иако токму тие искуства им ги одземале здравјето и животните сили. Кога ќе се обидете да ги поучите, тие го бранат својот став повикувајќи се на своето наводно искуство. {ХУ 109.3}

Тука се соочуваме со најголемите потешкотии во верските прашања. На умот на слушателот можат да му се изложат најочигледни факти и најјасни вистини поткрепени со Божјата Реч; но неговите уши и срцето остануваат затворени и аргументот со кој тој се обидува да ги увери сите е „моето искуство”. Некои велат: „Во ова што го верувам и го правам Господ ме благословил; затоа, не е возможно да бидам во заблуда”. Тие цврсто се држат за она што го нарекуваат „свое искуство”, а ги отфрлаат највозвишените и најсвети библиски вистини. {ХУ 110.1}

Валаам го прашал Бога дали може да оди да го проколне израелскиот народ. Тој копнеел да го добие бараното одобрување, бидејќи за тоа му била ветена голема награда. Меѓутоа, Бог рекол: „Не оди.” Преку пратеници кои биле повисоки и поугледни од првите, а кои нуделе и поголема награда, Валаам и по втор пат бил наговаран. Нему Божјата волја во поглед на тоа прашање му била веќе откриена, но тој толку копнеел за ветената награда што се осмелил повторно да Го праша Господа и сега му било дозволено да оди. Тогаш стекнал изненадувачко искуство; но, кој би посакал да стекне такво искуство? {ХУ 110.2}

Би можеле да се наведат уште многу примери кои покажуваат како некои кои се потпирале на она што го сметале за свое искуство биле измамени. {ХУ 110.3}

Сподели го ова:

Поврзани статии