Несебична служба

Сподели го ова:

4. НЕСЕБИЧНА СЛУЖБА

Среда, 26 август 2026

а. Наведете една голема опасност што денес нè загрозува како членови на црквата. Малахија 3:8–10.

„Сега (Адвентистите на Седмиот ден) најголема опасност им се заканува од натрупување богатство. Мнозина се преоптоварени, бидејќи постојано самите си ги зголемуваат напорите и грижите. Како последица на тоа, тие потполно го забораваат Бога и Неговото дело, и тие се духовно мртви. Од нив се бара да принесат жртва на Бога во вид на прилози. Но жртвата не го зголемува овоземниот имот, туку го намалува и го троши… Кај нашиот народ се покажа дека големите материјални средства им нанесуваат само штета на оние што се неразделно поврзани за нив.“

Извор: Сведоштва за црквата, том. 1, стр. 492.

б. Кои христијански доблести им помагаат на верниците да растат во благодатта и во познавањето на Господ Исус Христос?

1 Петрово 4:8–10; Евреите 13:2.

„Предноста што ја имале Аврам и Лот не ни е скратена ниту нам. Со укажување на гостопримливост кон Божјите деца, ние исто така можеме да ги примиме Неговите ангели во својот дом. Дури и во наши дни, ангелите во човечки облик влегуваат во домовите на луѓето и го уживаат нивното гостопримство. Христијаните кои живеат во светлина на Божјото одобрување ги следат секогаш невидливите ангели и тие свети суштества оставаат за себе благослов во нашите домови.“

Извор: Сведоштва за црквата, том. 6, стр. 342.

в. Која потреба треба да ја исполнуваат верниците денес?

2 Коринтјаните 10:16.

„Верниците во нашата црква (лаиците) можат да извршат едно дело кое одвај е започнато. Никој не треба да се сели во некое ново место само заради световна корист; но ако некаде се пружи прилика за пристоен живот, таму нека одат семејства кои се добро утврдени во верата, и тоа едно или две семејства во едно место, и таму нека работат како мисионери. Тие мораат да имаат љубов кон душите и да чувствуваат должност да работат за нив, размислувајќи за тоа како да ги доведат до вистината. Можат да делат наши публикации, да одржуваат состаноци во своите домови, да се запознаваат со соседите и да ги повикуваат да дојдат на тие состаноци. Така нивната светлина ќе свети во добри дела.“

Извор: Сведоштва за црквата, том. 8, стр. 245.

„Бог одамна чека дух на ревносна служба да ја проникне целата црква и секој верник да работи за него според своите способности. Ако верниците на Божјата црква го исполнуваат налогот на евангелието, ако ја извршуваат должноста што им е наменета, таму каде што е потребно, во својата земја или во странство, набргу цел свет ќе биде предупреден и Господ Исус повторно ќе дојде со голема сила и слава.“

Извор: Делата на апостолите, стр. 111.

Сподели го ова:

Поврзани статии