3. ОДРЕДЕНО И ИСКРЕНО
Вторник, 21 јули 2026
а. Кои гревови треба јавно да ги признаеме, а кои треба да ги признаеме само пред Бога?
„Вистинското признание е секогаш изрично и се однесува на одредени гревови. Тие се понекогаш од таков карактер што можат да се признаат само на Бога; или пак тоа се зли дела кои мораат да им се признаат и на оние кои поради нив претрпеле штета; или тоа можат да бидат јавни гревови кои треба јавно да се признаат. Сите признанија мораат да бидат јасни и целосни, мораме да ги признаеме токму оние гревови за кои сме виновни.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 38.
„Гревовите од личен карактер треба да му се признаат на Христос, единствениот посредник меѓу Бога и човекот… Секој грев е навреда против Бога и треба да Му се признае преку Христос. Секој јавно сторен грев треба јавно да се признае.“
Извор: Gospel Workers, p. 216.
б. Која е целта на вистинското признавање?
„Во Самоиловите дни Израелците се оддалечиле од Бога. Ги поднесувале последиците на гревот затоа што ја изгубиле својата вера во Бога, својата способност да ја видат Неговата сила и мудрост во управувањето со народот, како и довербата во Неговата способност да го брани и оправда Своето дело. Го отфрлиле големиот Владетел на вселената и посакале да имаат ист облик на владеење како и околните народи. Пред да стекнат мир го дале ова одредено признание: ’Кон своите гревови додадовме зло, посакувајќи си цар!’ (1 Самоилова 12:19). Морале да го признаат токму оној грев за кој биле виновни.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 38.
в. Кое практично дело треба да следи по признавањето?
Исаија 1:16,17; Езекиел 33:15.
„Бог не може да го прифати признанието без искрено покајание и промена. Мора да се видат решителни промени во животот; сè што го навредува Бога мора да биде отфрлено. Тоа ќе биде последица на вистинското жалење поради гревот.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 39.
„Како Закхеј, секој обратен човек покажува дека Христос влегол во неговото срце со тоа што ги напушта неправедните постапки, кои дотогаш го обележувале неговиот живот. Слично на началникот на цариниците, таквиот човек ќе даде доказ за својата искреност со тоа што ќе ја надомести нанесената штета.“
Извор: Копнежот на вековите, стр. 566.
