2. ПРИЗНАВАЊЕ И ПРОСТУВАЊЕ
Понеделник, 20 јули 2026
а. Кога сме навредиле некого, кого уште сме навредиле?
„Апостолот вели: ’Исповедајте си ги грешките еден на друг, и молете се на Бога еден за друг, да оздравите’ (Јаков 5:16). Признајте му ги своите гревови на Бога, кој единствено може да ви прости, а своите грешки еден на друг. Ако сте го навредиле својот пријател или сосед, треба да ја признаете својата вина, а негова должност е од срце да ви прости. Потоа треба да побарате простување и од Бога, бидејќи братот што сте го повредиле е Божја сопственост, па ранувајќи го него сте му згрешиле и на неговиот Создател и Откупител.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 37.
б. Зошто мораме да им простуваме на другите?
Матеј 6:14,15; Ефесјаните 4:32.
„Оној кој не е подготвен да прости, го затвора единствениот канал низ кој и самиот може од Бога да добие милост. Никогаш не смееме да помислиме дека имаме право да им го ускратиме простувањето на оние кои нè навредиле, затоа што не ни ја признале својата вина. Без сомнеж, нивна должност е да ги понизат своите срца во покајание и признавање, но ние мораме да покажеме сожалив дух кон оние кои ни згрешиле, без оглед дали ги признале своите грешки или не. Колку и болно да нè раниле, не смееме да тагуваме и да се сожалуваме себеси поради навредите кои ни се нанесени. Како што очекуваме Бог да ни ги прости нашите навреди кои сме му ги нанеле, и ние мораме да им простиме на сите оние кои ни нанеле некое.“
Извор: Мисли од гората на блаженствата, стр. 113.
в. Што треба да нè научи за нашата должност кон човечкиот род?
1 Петрово 4:8; Римјаните 13:8.
„Нека Христос, божествениот Живот, престојува во вас и преку вас да ја открие небесната љубов која ќе им влее надеж на оние кои ја изгубиле и ќе им донесе небесен мир на срцата ранети од гревот. Кога доаѓаме кај Бога, веќе на самиот праг ни се поставува услов, примајќи ја Неговата милост, мораме да се согласиме да ја покажеме Неговата милост кон другите.“
Извор: Мисли од гората на блаженствата, стр. 114, 115.
„Наш најголем грев е нехуманоста на човек кон човек. Постојат многумина, кои мислат дека ја застапуваат Божјата правда, иако сосема ги занемаруваат Неговата нежност и голема љубов. Тие, честопати постапуваат сурово и строго со души, кои се наоѓаат под бремето на остри искушенија. Сатаната се бори со овие души, а нашите нељубезни зборови можат толку да ги обесхрабрат, така што тие ќе паднат и ќе станат жртва на силата на искушувачот.“
Извор: Здравје и среќа, стр. 163.
