1. ЧОВЕКОВАТА ПРВОБИТНА СОСТОЈБА
Недела, 5 јули 2026
а. Опишете ја човековата првобитна состојба во Едем. Создавање 1:26, 27, 31; Псалм 8:4-6.
„Човекот првобитно бил надарен со благородни способности и добро урамнотежен ум. Тој бил совршен во своето битие и во хармонија со Бога.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 17.
„На човекот му било доделено да биде Божја слика и според надворешниот изглед и според карактерот. Единствено Христос е „сјај на славата” (Евреите 1:3) на битието на Отецот додека човекот е создаден според Божјиот лик. Неговата природа била во целосна хармонија со Божјата волја. Неговиот ум бил во состојба да го сфати она што е божествено. Склоностите му биле чисти; разумот владеел над неговите желби и страсти. Чувствувал среќа и светиња во тоа што на себе го носел Божјиот лик и што живеел во полна хармонија со неговата волја.“
Извор: Патријарси и пророци, стр. 45.
б. На кој начин сатаната успеал да го осуети Божјиот план при создавањето на човекот?
Создавање 3:1-7; Римјаните 6:16; 1 Јованово 2:16.
„Но, непослушноста ги изопачила неговите способности и наместо љубовта, се појавила себичност. Престапот во толкава мера ја ослабел неговата природа, што со своја сила воопшто не можел повеќе да ѝ се спротивстави на силата на злото. Станал роб на сатаната и засекогаш би останал таков кога самиот Бог не би се вмешал. Искушувачот имал намера да го осуети божествениот план во создавањето на човекот и Земјата да ја исполни со тага и очај. Сите тие зла сакал да ги претстави како последица на Божјото дело во создавањето на човекот.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 17.
