9 септември — Објава на мир и безбедност

Мараната — Господ доаѓа
Објава на мир и безбедност
9 септември
„Му ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: ’Мир! мир!‘ а мир нема.“ (Еремија 6:14) {МАР 260.1}
„Папистите, протестантите и световните луѓе … во ова обединување ќе гледаат величествено движење за обратување на светот и почеток на долгоочекуваниот милениум.“ (Големата борба, стр. 588,589) {МАР 260.2}
„’И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.‘ (2 Петрово 3,10) Кога мислењата на филозофите ќе го отстранат стравот од Божјиот суд, кога верските учители ќе нагласуваат долго време на мир и напредок, и кога светот ќе биде обземен со работа и задоволства, со садење и градење, забави и веселби, отфрлајќи ги Божјите предупредувања и навредувајќи ги Неговите весници, тогаш ненадејно ќе ги стигне пропаст и нема да избегаат (1. Солунјаните 5,3).“ (Патријарси и пророци, стр. 104) {МАР 260.3}
„Слично на жителите на Сидимската долина, луѓето и денеска сонуваат за богатство и мир. ’Спасувај ја душата своја… не запирај‘, гласи опомената на Божјите ангели; но луѓето слушаат други гласови што велат: ’Не возбудувај се; нема никаква причина за тревога‘. Мнозина викаат: ’Мир е и нема од што да се плашиме‘ додека небото тврди оти на престапникот му претстои пропаст која само што не се урнала врз него. И онаа ноќ, непосредно пред својата пропаст, жителите на Сидимската долина не престанале да се оддаваат на разуздано уживање и да ги исмеваат стравувањата и опомените на Божјиот весник. Но сите тие хулници пропаднале во пламенот; токму таа ноќ засекогаш е затворена вратата на милоста пред безгрижните и безбожни жители на Содом. Бог нема довека да поднесува луѓето да го исмеваат и да го навредуваат; со него не треба да се шегуваме. ’Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја претвори земјата во пустина и да ги истреби од неа грешниците нејзини‘ (Исаија 13:9). Мнозинството на луѓето во светот ќе ја отфрлат Божјата милост и ќе бидат уништени со ненадејна и неизбежна пропаст. Но оние што ќе ја прифатат опомената, ќе бидат ’под закрилата на Севишниот‘ и ќе почиваат во ’домот на небесниот Бог‘. Неговата вистина за нив ќе биде ’штит и одбрана‘.“ (Патријарси и пророци, стр. 167) {МАР 260.4}
