3 октомври — Приказ на седмото зло

Мараната — Господ доаѓа

Приказ на седмото зло

3 октомври

„Си влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот, што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна?“ (Јов 38:22,23) {МАР 284.1}

„Бајрон Белден, Сара Белден и сестра Меј Лејси ме придружуваа на закажаниот состанок во Проспект, Австралија. Штом ја напуштивме куќата во која беше одржан состанокот, видовме дека доаѓа бура. … Изгледаше толку заканувачки што ја возевме кочијата со младите коњи најбрзо што се осмелувавме. Кога веќе бевме близу до дома, бурата се разбесни. Почна да паѓа крупен град — голем како кокошкино јајце. … Тоа го уплаши младиот коњ, зашто градот паѓаше врз него со страшна сила. Реков: ’Бајрон, веднаш излези. … Оди кај коњот, зборувај му. Нека знаат коњите дека не си ти оној што ги удира‘. На мојот предлог, тој скокна надвор. Потоа реков: ’Меј Лејси и Сара, излезете‘. Тие го сторија тоа … а потоа излегов и јас, додека Меј Лејси и Сара ми помагаа. … Ветерот дуваше толку силно што шеширите ни одлетаа од главите, а и перниците беа однесени од кочијата. Тешките перници, чадорите и тешките покривки од кочијата одлетаа во полето на сите страни. … {МАР 284.2} {МАР 284.3}

Каква сцена! Сестра Белден, Меј Лејси и јас стигнавме дома без шешири. … Бајрон беше со кутриот, млад, исплашен коњ. … Единствено што можевме беше да Му се обратиме на Бога за помош. … {МАР 284.4}

Ова е најлошото искуство што сум го доживеала во кочија за време на бура. … Размислував за денот кога Божјиот суд ќе се урне врз светот, кога темнина и страшен мрак ќе ги покријат небесата како вреќа од козина. … Во мислите насетив што ќе се случи кога моќниот Господов глас ќе им заповеда на Своите ангели: ’Излејте ги седумте чаши со гневот Божји на земјата‘. … {МАР 284.5}

Шестата и седмата глава од Откровението се полни со значење. Опишаните Божји судови се страшни. Седум ангели стојат пред Бога за да примат наредби. Ним им се дадени седум труби. Господ тргнал да ги казни жителите на земјата. … {МАР 284.6}

Кога Божјите зла ќе ја погодат земјата, врз грешниците ќе паѓа град тежок еден талант.*“ (Manuscript 59, 1895) {МАР 284.7}

* Еден талант = 34 kg (белешка во приложениот извор).