2 октомври — Стихиите се топат од силната горештина

Мараната — Господ доаѓа
Стихиите се топат од силната горештина
2 октомври
„И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.“ (2 Петрово 3:10) {МАР 283.1}
„Во Господовиот ден, непосредно пред Христовото доаѓање, Бог во Својот гнев ќе прати молњи од небото, кои ќе се соединат со огнот на земјата. Планините ќе горат како печка и ќе исфрлаат страшни порои лава, уништувајќи градини, полиња, села и градови; и додека ќе исфрлаат растопена руда, карпи и вжештена кал во реките, ќе прават тие да вријат како котли, а одронетите парчиња масивни карпи ќе ги расфрлаат по земјата со неопислива сила. Реките целосно ќе пресушат. Земјата ќе се тресе и насекаде ќе има страшни ерупции и земјотреси. Бог ќе ги погоди грешните жители на земјата со зла сè додека не бидат целосно уништени.“ (Spiritual Gifts, том 3, стр. 82,83) {МАР 283.2}
„Земјата ќе се ниша наваму-натаму како пијан човек и ќе се помести како колиба. Стихиите ќе бидат во пламен, а небесата ќе се свиткаат како свиток.“ (The SDA Bible Commentary, том 5, стр. 1110) {МАР 283.3}
„Земјината кора ќе биде расцепена од избивањето на силите скриени во нејзината утроба. Овие сили, еднаш ослободени, ќе го збришат богатството на оние што со години го собирале, натрупувајќи имот на сметка на своите изгладнети работници.“ (Manuscript 24, 1891) {МАР 283.4}
„Пред нас е големиот сеопшт пожар, кога сето ова напразно животно дело ќе биде збришано за една ноќ и еден ден.“ (4. Сведоштво, стр. 49) {МАР 283.5}
„Ќе дојде … до големо уништување на човечки животи. Но како што во деновите на големиот потоп Ное бил сочуван во ковчегот што Бог го подготвил за него, така и во овие денови на уништување и несреќа Бог ќе им биде прибежиште на оние што веруваат во Него. Преку псалмистот Тој објавува: ’Зашто, Господ ти е засолниште, надеж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште; зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој‘. ’Зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето живеалиште; би ме искачил на карпа‘. Зар тогаш нема да Го направиме Господа своја сигурност и одбрана?“ (Letter 258, 1907) {МАР 283.6}
„Треба да се подготвуваме за становите што Христос ги подготвил за оние што Го љубат. Таму нема да има судири меѓу луѓето.“ (Review and Herald, 19. октомври 1897.) {МАР 283.7}
