31 март — „Подгответе се, подгответе се, подгответе се“

Мараната — Господ доаѓа
„Подгответе се, подгответе се, подгответе се“
31 март
„Затоа вака ќе постапам со тебе, Израеле; и бидејќи така ќе постапувам со тебе, приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле.“ (Амос 4:12) {МАР 98.1}
„Кога Христос денес би се појавил на небесните облаци, кој … би бил подготвен да Го сретне? Да претпоставиме дека ќе бидеме пренесени во небесното царство токму такви какви што сме. Дали би биле подготвени да се соединиме со Божјите свети, да живееме во хармонија со царското семејство, со децата на небесниот Цар? Како сте се подготвиле за судот? Дали сте се помириле со Бога? Дали работите заедно со Бога? Дали сакате да им помогнете на оние околу вас во вашиот дом, на своите соседи, на оние со кои доаѓате во допир, а кои не ги држат Божјите заповеди? … Дали се подготвуваме да Го сретнеме Царот? … {МАР 98.2}
Кога би можеле да бидеме примени на небото такви какви што сме, колкумина од нас би можеле да Го гледаат Бога? Колкумина имаат свадбена облека? Колкумина се без мана, недостаток или нешто слично? Колкумина од нас се достојни да го добијат венецот на животот? … Положбата не го прави човекот. Христос, оформен во нас, го прави човекот достоен да го добие венецот на животот што нема да овене.“ (General Conference Bulletin, 6. април 1903) {МАР 98.3}
„Од таа глетка на слава мојот поглед беше тогаш вперен кон остатокот на Божјиот народ на земјата. Ангелот одговори: ’Сакате ли да ги избегнете седумте последни зла? … Ако го сакате тоа, морате да умрете за да можете да живеете. Бидете подготвени, бидете подготвени, бидете подготвени! Морате да поседувате поголема подготвеност отколку што сега ја имате. … Жртвувајте се за Господа. Ставете се себеси на Неговиот олтар, вашиот имот и сè, како жива жртва. Сè мора да се даде за да се влезе во слава.‘“ (Рани списи, стр. 66,67) {МАР 98.4}
„Христос доаѓа во голема сила и слава, во својата слава и во славата на својот Отец. … Додека беззакониците бегаат од неговото присуство, Христовите следбеници силно се радуваат. … На своите верни следбеници Христос им бил секојдневен другар и близок пријател. Тие живееле во тесна врска, во постојана заедница со Бога. Врз нив навистина се покажала Господовата слава. … А сега се радуваат за блескотните зраци и за славата и величеството на Царот над царевите. Тие се подготвени за заедница со Небото, зашто Небото веќе живее во нивните срца.“ (Христовите параболи, стр. 420,421) {МАР 98.5}
„Ако денес сте исправни пред Бога, би биле подготвени кога Христос би дошол денес.“ (In Heavenly Places, стр. 227) {МАР 98.6}
