1 април — Најголемото дело на светот

Мараната — Господ доаѓа
Најголемото дело на светот
1 април
„Па им рече: ’Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.‘“ (Марко 16:15) {МАР 99.1}
„Христос им заповедал на Своите следбеници: ’Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание‘ (Марко 16:15). Не се сите повикани да бидат проповедници или мисионери во вообичаената смисла на зборот; но сите можат да бидат Христови соработници во објавувањето на ’радосната вест‘ на своите ближни. Заповедта им е упатена на сите, големи и мали, учени и неучени, стари и млади.“ (Воспитување, стр. 264) {МАР 99.2}
„Врз секого што ја познава вистината за ова време почива одговорноста да ги извести и другите за неа. Христовите слуги во голема мера се одговорни за доброто и спасението на светот. Тие треба да бидат Божји соработници во делото на придобивање души.“ (Review and Herald, 10 март 1904) {МАР 99.3}
„Темата што го привлекува срцето на грешникот е Христос и Неговото распнување. На крстот, на Голгота, Исус му е откриен на светот во Својата неспоредлива љубов. Така претставувајте Го пред гладното мноштво и светлината на Неговата љубов ќе ги привлече луѓето од темнината кон светлината, од гревот кон послушноста и вистинската светост. Размислувањето за Христос на Голгота, како ништо друго, ја продлабочува свеста за тоа колку е одвратен гревот.“ (Review and Herald, 22 ноември 1892) {МАР 99.4}
„Дали членовите на нашата црква постојано ќе го држат својот поглед насочен кон распнатиот и воскреснат Спасител, во Кого се сосредоточени сите наши надежи за вечен живот? Тоа е нашата порака, нашиот доказ, нашето учење, опомена за непокајаните, охрабрување за ожалостените — надеж за секој верник. Ако успееме да разбудиме интерес во срцата на луѓето и да ги наведеме да го насочат својот поглед кон Христос, можеме да се повлечеме настрана, упатувајќи ги да не го одвојуваат погледот од Божјото Јагне. … Оној чиј поглед постојано е насочен кон Христос ќе биде подготвен да се откаже од сè. Ќе умре за себичноста. Целосно ќе верува во Божјата Реч, која е толку величествена и чудесно возвишена во Христос.“ (The SDA Bible Commentary, том 6, стр. 1113) {МАР 99.5}
„Предност на секој христијанин е не само да го очекува, туку и да го забрза доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос. Кога сите што го исповедаат Неговото име би донесувале род во Негова слава, многу бргу целиот свет би бил посеан со семето на евангелието! Наскоро би зреела и последната жетва и Христос веќе би дошол да го собере скапоценото жито.“ (Сведоштва за црквата, том 8, стр. 22, 23) {МАР 99.6}
