29 март — Божјото ветување за заштита

Мараната — Господ доаѓа

Божјото ветување за заштита

29 март

„Значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;“ (2 Петрово 2:9) {МАР 96.1}

„Во времето на проба кое е пред нас, Божјото ветување за безбедноста ќе важи за оние кои ќе ја одржат Речта на Неговото трпение. … Столбот од облак, кој на престапниците на Божјиот закон им навестува гнев и ужас — претставува светлина, милост и ослободување за оние кои ги држат Неговите заповеди. Раката која е доволно силна да го уништи бунтовникот, ќе биде доволно силна и да го ослободи верниот. Сите верни сигурно ќе бидат собрани. … {МАР 96.2}

’Каков удел ќе имате во завршните сцени на историјата на овој свет?‘ … Го сфаќате ли големото дело на подготовка кое се врши на небото и на земјата? … Сега никој нека не си поигрува со гревот — изворот на сите страдања во овој свет. … Не ја оставајте во неизвесност судбината на својата душа. Треба да бидете сигурни дека се наоѓате на Господовата страна. Со искрени срца и треперливи усни, поставете си го себеси прашањето: ’кој ќе издржи, кога ќе се појави Тој?‘ (Малахија 3,2) Дали во овие последни драгоцени часови на проба (милост), го вградувате најдобриот материјал во зградата на својот карактер? Дали ја очистивте својата душа од секоја дамка? Дали постапувавте според добиената светлина? Дали вашите дела одговараат на верата која ја исповедате? {МАР 96.3}

Дали влијанието на Божјата благодат, кое го ублажува и потчинува срцето, делувало на вас? … Дали вашата светлина блеска и ги осветлува народите кои пропаѓаат во своите гревови? Дали сфаќате дека морате да застанете во одбрана на Божјите заповеди пред оние кои ги фрлаат под нозе? {МАР 96.4}

Можно е да се биде делумен, формален верник, а сепак да се биде пронајден лесен и да се изгуби вечниот живот. Можно е некој да се придржува за извесни библиски налози и да биде сметан за христијанин, а сепак да пропадне заради недостаток на битните особини на христијанскиот карактер. … Додека милоста уште се задржува, додека Спасителот се залага за нас, треба да се подготвиме за вечноста. … {МАР 96.5}

Големата криза е токму пред нас. За да се соочиме со нејзините проби и искушенија и за да ги извршиме своите должности ќе ни биде потребна истрајна вера. Меѓутоа, ние можеме славно да победиме. Ниту една душа која стражари, се моли и верува нема да биде фатена во стапицата на непријателот.“ (6. Сведоштво, стр. 404,405) {МАР 96.6}