1 март — Кризата е на повидок

Мараната — Господ доаѓа
Кризата е на повидок
1 март
„Страшен ден! Зашто денот Господов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот.“ (Јоил 1:15) {МАР 68.1}
„Пророштвата коишто големиот ЈАС СУМ ги дал во Својата Реч, коишто се спојуваат како алка со алка во ланецот на случувања од вечноста во иднината, ни говорат каде се наоѓаме денес во низата од вековите и што можеме да очекуваме во иднината. Сето она што пророштвото најавило дека ќе се случи, сè до денешен ден, веќе е запишано на страниците на историјата, и ние можеме да бидеме убедени дека и она што допрва треба да се случи исто така ќе се исполни. {МАР 68.2}
Знаците на времето денес ни говорат дека се наоѓаме на прагот на големи и свечени случувања. Насекаде во светот владее вознемирување. Пред нашите очи се исполнуваат зборовите на Спасителот за случувањата кои претходат на Неговото доаѓање: ’Ќе слушате за војни и повици на војни … Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на разни места ќе има глад, помор и потреси‘. (Матеј 24:6,7). {МАР 68.3}
Денешното време е од големо значење за сите живи суштества. Владетели и државници, личности на позиции на доверба и авторитет, мудри луѓе и жени од сите класи го насочуваат вниманието кон настаните кои се одигруваат околу нас. Тие ги проучуваат односите кои постојат помеѓу народите. Така ја запазуваат силината на секој земен елемент и увидуваат дека се случува нешто големо и одлучувачко, дека светот се наоѓа на работ на голема криза. {МАР 68.4}
Библијата, и единствено Библијата, ни дава исправно гледиште за сите тие појави. Тука се откриени големи завршни случувања на историјата на светот кои веќе ја фрлаат својата сенка, додека од виката на нивното настапување земјата трепери, а човековото срце замирува од страв. … {МАР 68.5}
И денес луѓето и народите се испитуваат со висулецот во раката на Оној што никогаш не греши. Сите тие со својата одлука ја определуваат својата судбина, а Бог управува над сите за да ги исполни Своите намери. … {МАР 68.6}
Христијаните мораат да се подготвуваат за она што ненадејно ќе наиде во овој свет, а подготовката треба да се состои од проучување на Божјата Реч и во напорите својот живот да го сообразат со нејзиното учење.“ (Пророци и цареви, стр. 536,537,626) {МАР 68.7}
