28 февруари — Сигурно засолниште

Мараната — Господ доаѓа
Сигурно засолниште
28 февруари
„Зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени.“ (Исаија 26:21) {МАР 67.1}
„Жителите на градовите брзо паѓаат сè подлабоко во грев заради постојаното зголемување на решителното зло. Човечкото перо не е во состојба да ја опише расипаноста која преовладува. Секој ден открива нови судири, подмитувања и измами; секој ден слушаме за нови насилства и беззаконија, за рамнодушност кон човечките страдања, за свирепо уништување на човечките животи, сè што го потресува срцето. … {МАР 67.2}
Нашиот Бог е Бог на милост. Тој е трпелив и благ кон оние кои го престапуваат Неговиот закон. … Господ има многу трпение со луѓето во градовите. Тој милостиво ги предупредува за да ги спаси од последиците на гневот. Но, ќе дојде време кога молитвите за милост нема да бидат повеќе примани … {МАР 67.3}
Состојбата на општествата особено во големите градови, громогласно најавува дека часот на казната дошол, дека крајот на сите земски работи е блиску. Се наоѓаме на прагот на најголемата криза. Божјите казни брзо ќе надоаѓаат една по друга — пожари и поплави, земјотреси, војни и крвопролевања. … {МАР 67.4}
Се подготвува бура од Божјиот гнев и ќе опстанат само оние кои ќе се одѕват на повикот на милоста, како што тоа го направиле жителите на Ниневија благодарение на Јониното проповедање, оние кои ќе се посветат на послушноста кон законите на божествениот Владетел. Само праведникот ќе биде сокриен со Христа во Бога додека не помине пустошењето. Нека тогаш јазикот на душата биде: {МАР 67.5}
’Друго прибежиште немам,мојата беспомошна душа само за Тебе се држи;не оставај ме, о, не оставај ме,поддржи ме и утеши ме Ти!
Скриј ме, о, Спасителу, скриј ме,додека не поминат животните бури.Води ме по сигурен пат кон Небото,о, прими ме, прими ме во Својата прегратка!‘“ (Пророци и цареви, стр. 275–278) {МАР 67.6}
