3 мај — Пред нас е решавачката битка

Мараната — Господ доаѓа

Пред нас е решавачката битка

3 мај

„А Петар и апостолите одговорија и рекоа: ’Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.‘“ (Дела 5:29) {МАР 131.1}

„На Божјиот народ му претстои голема криза. На светот исто така му претстои криза. Најзначајната борба на сите времиња е токму пред нас. … Предметот на наметнување на неделата стана предмет од национален интерес. Ние знаеме какви ќе бидат последиците на ова движење. Но дали сме подготвени да ги дочекаме? Дали верно ги исполнувавме должностите што Бог ни ги довери, односно да укажуваме на народот на опасноста која му се заканува? … {МАР 131.2}

Има мнозина кои никогаш не ги сфатиле библиските барања во поглед на саботата и лажните темели на кои е заснована институцијата на неделата. Секое движење во корист на религиозното законодавство всушност е едно отстапување пред папството, кое со векови се борело против слободата на совеста. Празнувањето на неделата, како таканаречена христијанска установа, настанало поради ’тајната на беззаконието‘; кога ќе се наметне присилно, тоа ќе биде вистинско признавање на начелата кои се камен темелник на католицизмот. Кога нашата земја ќе се одрече од своите уставни начела до таа мера што ќе го озакони празнувањето на неделата, протестантизмот со тој чин ќе му испружи рака на папството. Тоа не значи ништо друго освен повторно да ѝ се даде живот на тиранијата, која долго чекала шанса повторно да се појави во активниот деспотизам. … {МАР 131.3}

Кога ќе се поврати првобитната власт и сила на папството и на неговите начела, тогаш повторно ќе се запали огнот на прогонство против оние што нема да сакаат да ја жртвуваат својата совест и вистина и да им попуштат на популарните заблуди. Ова зло се заканува да стане реалност. {МАР 131.4}

Бидејќи Бог ни подари светлина во поглед на опасностите кои ни претстојат, како ќе останеме чисти пред Него, ако не се трудиме со сите сили таа светлина да ја објавиме на народот? Можеме ли да го оставиме неопоменат да се соочи со овие значајни настани? … {МАР 131.5}

Кога законите на земните власти се во судир со законите на Највисокиот Законодавец во вселената, тогаш тие што се верни поданици на Бога ќе Му останат верни Нему.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 711–713) {МАР 131.6}