22 мај — Знаци на небото

Мараната — Господ доаѓа
Знаци на небото
22 мај
„Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот.“ (Јоил 3:4) {МАР 150.1}
„Во разговорот со Своите ученици на Маслиновата Гора, опишувајќи го долгиот период на искушенија за црквата, 1260-те години на папските прогонства, за кој ветил дека ќе биде скратен – Спасителот спомнува некои настани што треба да му претходат на Неговото доаѓање и го одредува времето кога првиот од нив треба да се појави: ’Во тие дни, по маките, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина‘ (Марко 13:24). Споменатите 1260 дена или години завршуваат во 1798. година. Четврт век порано, прогонствата речиси сосема престанале. По овие прогонства, според Христовите зборови, сонцето треба да се затемни. Ова пророштво се исполнило на 19. мај 1780. година. {МАР 150.2}
’Речиси осамен меѓу феномените од овој вид стои таинствениот и до денес неразјаснет мрачен ден, 19. мај 1780. година – неразјаснетото затемнување на целото видливо небо и на атмосферата во Нова Англија‘. {МАР 150.3}
’Сонцето изутрината излезе сјајно, но набргу почна да го губи сјајот. Облаците се спуштија многу ниско, а од нивната темнина злокобно светкаа молњи, се слушна грмеж и почна да паѓа ситен дожд. Околу девет часот облаците станаа посветли и добија бакарен изглед; а земјата, карпите, дрвјата, зградите, водата и луѓето изгледаа сосема поинаку од оваа чудна необична светлина. Неколку минути подоцна, целото небо го покри тежок црн облак, со исклучок на тесниот венец на хоризонтот, и темнината стана толку густа, како што тоа обично се случува околу девет часот навечер во летно време…‘ {МАР 150.4}
Описот на овој настан, како што ни го даваат очевидците, е само одглас на Господовите зборови што ги објавил пророкот Јоил две илјади и петстотини години пред да се исполнат: ’Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот‘ (Јоил 3:4). {МАР 150.5}
Христос го предупредил Својот народ да внимава на знаците на Неговото доаѓање и да се радува кога ќе ги види знаците за доаѓањето на својот Цар.“ (Големата борба, стр. 306–308) {МАР 150.6}
