19 јуни — Мисионерска работа во недела

Мараната — Господ доаѓа
Мисионерска работа во недела
19 јуни
„Проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.“ (2 Тимотеј 4:2) {МАР 178.1}
„Да се противиме на законот за празнување на неделата би значело само уште повеќе да се охрабрат верските поборници во нивното настојување да го наметнат тој закон. Немојте да им давате можност да ве нарекуваат престапници. … Вие само продолжете ја својата мисионерска работа со Библијата во раце, и непријателот ќе увиди дека уште повеќе си наштетил на сопствената работа. Никој нема да го прими жигот на ѕверот заради тоа што увидува дека е мудро да го сочува мирот ако се воздржува од работа која може да предизвика негодување и ако истовремено извршува дело кое е од најголемо значење. … {МАР 178.2}
Ако неделата ја посветиме за мисионерска работа, ќе го земеме камшикот од рацете на самоволните фанатици кои би се радувале да ги понижат адвентистите на седмиот ден. … {МАР 178.3}
Неделата може да се искористи за разновидна работа која многу ќе придонесе за Господовата работа. Тој ден може да се одржуваат состаноци под ведро небо и по домовите. Можете да работите од куќа до куќа. Тие што пишуваат тој ден можат да го посветат на пишување на статии. Кога тоа ќе биде можно треба да се одржуваат верски служби во недела. Овие состаноци нека бидат мошне интересни. Пејте вистински оживувачки песни и зборувајте силно и со уверување за љубовта на Спасителот. Зборувајте за умереноста и за вистинскиот верски живот. На тој начин ќе добиете големо искуство во работата и ќе придобиете многу души. … {МАР 178.4}
Законот за празнување на првиот ден во седмицата е производ на отпаднатото христијанство. Неделата — тоа папско дете — таканаречениот христијански свет ја издигнал над Божјиот свет ден за одмор. Божјиот народ во никој случај не треба да му оддава почит и признавање на тој ден. Сепак, јас сакам Божјиот народ да сфати дека не ја исполнува Божјата волја ако им се спротивставува на противниците; Бог сака тоа да се избегнува.“ (Сведоштва за црквата, том 9, стр. 232, 233, 235) {МАР 178.5}
„Пред нас се отвораат прекрасни сцени. Во ова време треба да се роди живо сведоштво во животот на народот што се претставува како Божји, за светот да види дека во ова време, кога злото владее на сите страни, сè уште има луѓе што ја оставаат настрана својата волја и сакаат да ја извршуваат Божјата волја — народ во чии срца и животи е запишан Божјиот закон.“ (Counsels to Parents, Teachers, and Students, стр. 322) {МАР 178.6}
