22 декември — Христос ќе биде нашиот Учител

Мараната — Господ доаѓа
Христос ќе биде нашиот Учител
22 декември
„Затоа Мојот народ ќе го познае името Мое; затоа ќе разбере во оној ден дека Јас сум истиот, Кој вели: ‚еве Ме!‘“ (Исаија 52:6) {МАР 364.1}
„Кога ќе биде вратен во Божјата близина, човекот, како и во почетокот, повторно ќе биде поучуван од Бога.“ (Воспитување, стр. 302) {МАР 364.2}
„Немаме претстава што тогаш ќе се отвори пред нашиот поглед. Со Христа ќе одиме покрај живата вода. Ќе ни ги открие убавината и славата на природата. Ќе ни открие што е Тој за нас и што сме ние за Него. Тогаш ќе ја дознаеме вистината што денес, поради својата човечка ограниченост, не можеме да ја сфатиме.“ (Counsels to Parents, Teachers, and Students, стр. 162) {МАР 364.3}
„Во светот што ќе дојде, Христос ќе ги води откупените покрај реката на животот и ќе ги поучува на прекрасни поуки за вистината. Ќе им ги открие тајните на природата. Ќе видат дека раката на Господарот го држи светот на неговото место. Ќе ја гледаат вештината на големиот Уметник во боите на полското цвеќе, ќе ги дознаат намерите на милостивиот Отец Кој го дава секој зрак светлина, и заедно со светите ангели, откупените со благодарни песни ќе ја признаат Божјата голема љубов кон овој неблагодарен свет.“ (Мојот живот денес, стр. 361) {МАР 364.4}
„Таму пред истражувачот ќе се отворат неограничени видици и неискажливите богатства на историјата. … Историјата за постанокот на гревот; смртоносните измами во неговото изопачено делување; историјата на вистината која, … ја победила заблудата – сето тоа ќе биде објавено. Велот што бил ставен помеѓу видливиот и невидливиот свет ќе биде повлечен настрана и ќе му бидат дадени прекрасни откровенија.“ (Воспитување, стр. 304) {МАР 364.5}
„Ние, со неискажано уживање, ќе учествуваме во радоста и мудроста на безгрешните суштества. На располагање ќе ни стојат богатствата стекнати во текот на многуте векови на размислување за делата на Божјите раце. А годините на вечноста, додека поминуваат, и понатаму ќе донесуваат сѐ пославни откровенија. ’изобилно сѐ што ќе побараме или помислиме‘ (Ефесјаните 3:20), ќе ни биде вечно дарувано како Божји дарови.“ (Воспитување, стр. 307) {МАР 364.6}
„Мораме тука да се образуваме за да можеме да живееме со Бога низ бескрајните векови. Образованието што го започнуваме тука ќе биде усовршено на Небото. Само ќе се запишеме на повисок степен.“ (Мојот живот денес, стр. 361) {МАР 364.7}
