24 август — Знакот по кој се разликува Божјиот народ

Мараната — Господ доаѓа

Знакот по кој се разликува Божјиот народ

24 август

„Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат дека Јас сум Господ што ги осветува.“ (Езекиел 20:12) {МАР 244.1}

„Како што саботата била знак по кој Израелците се разликувале кога излегле од Египет за да влезат во земниот Ханан, така и денес е знак што го одвојува Божјиот народ кој излегол од светот за да влезе во небесниот одмор. {МАР 244.2}

Празнувањето на саботата е средство што Бог го воспоставил за да се зачува знаењето за Него и да се види разликата меѓу Неговите верни поданици и оние што го престапуваат Неговиот закон. {МАР 244.3}

Саботата Му припаѓа на Христа. … Бидејќи Тој создал сè, ја создал и саботата. Тој ја изделил како спомен на делото на создавање. Таа посочува кон Него и како Творец и како Оној, Кој посветува. Таа објавува дека Оној, Кој ги создал сите нешта на Небото и на Земјата, и преку Кого сите нешта опстојуваат, е Глава на црквата и преку Неговата сила ние сме помирени со Бога. Зборувајќи за Израел, Тој рекол: ’Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат дека Јас сум Господ што ги осветува‘ — ги правам свети. (Езекиел 20:12) Саботата е знак на Христовата моќ да нè направи свети. Таа е дадена на сите што Христос ги прави свети. Како знак на Неговата посветувачка сила, саботата е дадена на сите, кои преку Христа стануваат дел од Божјиот Израел. … {МАР 244.4}

Саботата ќе биде задоволство за сите оние што ја примаат како знак на Христовата создавачка и откупителна моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како на доказ на Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на загубениот Едем и истовремено укажува на мирот, кој е повторно вратен преку Христа. И секој предмет во природата го повторува Неговиот повик: ’Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам‘. (Матеј 11:28) {МАР 244.5}

Саботата е златната врска што ги соединува Бога и Неговиот народ.“ (The Faith I Live By, стр. 33) {МАР 244.6}