23 август — Ангелите можат да го прочитаат Божјиот знак

Мараната — Господ доаѓа

Ангелите можат да го прочитаат Божјиот знак

23 август

„И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи: ’Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!‘“ (Откровение 7:2,3) {МАР 243.1}

„Целиот свет е во состојба на вознемиреност. Народите се разгневени и се прават големи подготовки за војна. Се создаваат меѓународни заговори, народ станува против народ и царство против царство. Големиот ден на Божјиот суд брзо се приближува. Но иако народите на светот ги собираат своите сили за војна и крвопролевање, сè уште е на сила заповедта дадена на ангелите да ги задржуваат четирите ветрови додека Божјите слуги не бидат запечатени на своите чела.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 968) {МАР 243.2}

„Четирите ветрови се задржуваат додека Божјите слуги не бидат запечатени на своите чела. Тогаш силите на овој свет ќе ги постројат своите војски за последната голема битка. Колку грижливо треба да го користиме ова малку преостанато време на проба!“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 968) {МАР 243.3}

„Умот што се препуштил на распуштени мисли треба да се промени. … Мислите мора да бидат сосредоточени на Бога. Сега е време да се вложат најсериозни напори за да се совладаат природните склоности на телесното срце.“ (The Faith I Live By, стр. 336) {МАР 243.4}

„Непосредно пред да влеземе во времето на неволјата, сите го примаме печатот на живиот Бог. Тогаш ги видов четирите ангели како престануваат да ги задржуваат четирите ветрови. Видов глад, епидемии и меч; народи станаа против народи и целиот свет беше во метеж.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 968) {МАР 243.5}

„Што е печатот на живиот Бог што се става на челата на Неговиот народ? Тоа е знак, невидлив за човечките очи, обележје што можат да го прочитаат само ангелите, зашто ангелот на уништувањето мора да го забележи тој знак на откупувањето. Неговиот ум го гледа знакот на голготскиот крст врз Господовите посвоени синови и ќерки. Гревот на престапувањето на Божјиот закон е отстранет. Тие ја имаат свадбената облека и верно им се покоруваат на сите Божји заповеди.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 968) {МАР 243.6}

„Господ нема да ги оправда оние што ја знаат вистината ако не ги почитуваат Неговите заповеди со зборови и со дела.“ (The Faith I Live By, стр. 336) {МАР 243.7}