22 август — Времето на запечатувањето наскоро завршува

Мараната — Господ доаѓа
Времето на запечатувањето наскоро завршува
22 август
„Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи.“ (Јован 9:4) {МАР 242.1}
„Времето на запечатување е многу кратко и брзо ќе заврши. Сега, додека четирите ангели сè уште ги држат ветровите, време е својот повик и избор да ги утврдиме.“ (Рани списи, стр. 58) {МАР 242.2}
„Јас бев пренесена во духот низ времето кога пораката на третиот ангел се приведуваше кон крај. Силата Божја почиваше врз Неговиот народ; тие го завршија своето дело и беа подготвени за часот на испитувањето кој беше токму пред нив. Тие го беа примиле доцниот дожд или освежувањето од лицето Господово и живото сведоштво заживува. Последното големо предупредување одекнуваше насекаде и ги беше возбудило и разлутило жителите на земјата кои не сакаа да ја примат пораката. {МАР 242.3} {МАР 242.4}
Видов како ангелите заминуваат и повторно се враќаат од небото. Еден ангел со перо при неговата страна се врати од земјата и го извести Исуса дека неговата работа е завршена и дека светиите беа изброени и запечатени. Тогаш го видов Исуса, … како го спушта кадилникот. Тој ги подигна Своите раце и со висок глас рече: ’Свршено е‘.“ (Рани списи, стр. 279) {МАР 242.5}
„Исто така видов дека мнозина не разбираат какви мораат да бидат во времето на неволјите, за да живеат пред Бога, без првосвештеник во светилиштето. Кај оние што ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, мора потполно да се огледа Исусовиот лик. {МАР 242.6}
Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ’освежувањето‘ или ’позниот дожд‘ ќе ги оспособи да опстанат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само сум видела од нив во времето на неволјите без Божја заштита!“ (Рани списи, стр. 71) {МАР 242.7}
„Кога Исус ќе ја напушти светињата, тогаш оние кои ќе се затекнат свети и праведни и понатаму ќе останат свети и праведни; сите нивни гревови ќе бидат избришани а тие ќе бидат запечатени со печатот на Живиот Бог. Меѓутоа, неправедните и нечистите засекогаш ќе останат неправедни и нечисти, зашто повеќе нема да има Свештеник кој нивните жртви, признанија и молитви би ги принел пред престолот на Отецот. Оттука она што треба да се направи за да се спасат душите од бурата на гневот којшто надоаѓа, мора да биде направено пред Исус да ја напушти светињата над светињите од небесното светилиште.“ (Рани списи, стр. 48) {МАР 242.8}
