21 август — Кој го прима печатот?

Мараната — Господ доаѓа
Кој го прима печатот?
21 август
„И во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Божји.“ (Откровение 14:5) {МАР 241.1}
„Само оние што ќе го примат печатот на живиот Бог ќе имаат влезница со која ќе можат да минат низ портите на светиот град. … {МАР 241.2}
Печатот на живиот Бог ќе биде ставен само на челата на оние што по карактер се слични на Христа. {МАР 241.3}
Како што во восокот останува отпечатокот на печатот, така во душата се втиснува Божјиот Дух и таа го задржува Христовиот лик. {МАР 241.4}
Мнозина нема да го примат Божјиот печат затоа што не ги пазат заповедите и не донесуваат плод на праведноста. {МАР 241.5}
Голем број таканаречени христијани ќе доживеат горчливо разочарување на денот на Божјиот суд, зашто на своите чела нема да го имаат печатот на живиот Бог. Со својата млакост и половичност во верата тие Го обесчестуваат Бога многу повеќе од отворените неверници. Талкаат во темнина, иако би можеле да одат како на пладне во блескавата светлина на Божјото слово, под водство на Оној што никогаш не греши. … {МАР 241.6}
Оние што Јагнето ќе ги води кон изворите на живата вода и од чии очи Самиот Бог ќе ја избрише секоја солза, ќе бидат само оние што сега црпат спознание и знаење од откровението запишано во Библијата, Божјото слово. … {МАР 241.7}
Ниедно човечко суштество не треба да ни биде пример. Нема човечко суштество доволно мудро за да ни биде мерило. Треба да гледаме кон Христа, Кој, земајќи ја врз Себе човечката природа, останал совршен во праведноста и светоста. Тој е Началникот и Завршителот на нашата вера. Ни оставил совршен пример. Неговиот живот е мерилото што треба да го достигнеме. Неговиот карактер е нашиот пример. Затоа да ги одвратиме своите мисли од збрката и тешкотиите на секојдневниот живот и да ги насочиме кон Него, за, гледајќи Го, да се преобразуваме во Неговиот лик. Со таа цел треба да се угледуваме на Него. Со сигурност можеме во сè да се угледуваме на Христа, зашто Тој е изворот на секоја мудрост. И додека така Го гледаме Христа и мислиме за Него, Тој се населува во нас како надеж на славата. {МАР 241.8}
Да се бориме и трудиме со сите сили што Бог ни ги дал, за да се најдеме меѓу сто четириесет и четирите илјади.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 970) {МАР 241.9}
