2 август — Сржта на карактерот

Мараната — Господ доаѓа
Сржта на карактерот
2 август
„Не се фалиме безмерно со туѓите напори. А се надеваме дека со растењето на вашата вера меѓу вас и ние, по нашата мерка, ќе пораснеме во изобилие,“ (2 Коринтјаните 10:15) {МАР 222.1}
„Треба да се чувате за да не стапите на маѓепсаната почва на сатаната и не смеете да дозволите вашите умови да бидат одвоени од верноста кон Бога. Преку Христа треба и можете да бидете среќни, а и да се научите да владеете со себеси. Вие морате дури и вашите мисли да ги потчините на Божјата волја, а своите чувства на контролата на разумот и верата. Вам не ви е дадена моќта за мечтаење за целосно да ѝ се предадете без да ја дисциплинирате и контролирате. Ако мислите се лоши и чувствата ќе бидат негативни, а чувствата и мислите го сочинуваат моралниот карактер. … Ако им дозволите на своите мисли и впечатоци да станат канали за сомнежи и огорчувања, ќе бидете најнесреќните смртници … {МАР 222.2}
Драга сестро Ф., твојата мечта е болна и ти Го обесчестуваш Бога дозволувајќи твоите чувства целосно да завладеат со твоите мисли и расудување. Ти имаш решителна волја, заради што твојот дух влијае на телото, предизвикувајќи пореметена циркулација и натрупување на крв во некои органи. Ти го жртвуваш своето здравје на чувствата. {МАР 222.3}
Ти правиш грешка, која, доколку не ја исправиш, нема да ја уништи само твојата среќа; бидејќи со тоа не наштетуваш само на себе туку и на другите членови на твоето семејство. … Ти дозволи мечтата да завладее со разумот. Тоа не би бил грев кога не би имала власт над своите чувства, но вака немаш оправдување што си му се предала на непријателот. Твојата волја треба да се посвети и да се покори, а не да се издига во противење кон Бога. … {МАР 222.4}
Човекот дошол на свет полн со грижи, тага и проблеми. Тој е доведен на тој свет за да се испита и испроба, како што тоа било со Адам и со Ева, за да го развие својот вистински карактер и од раздорот и збрката да создаде хармонија. Ние имаме уште многу да направиме … А постојат и многу нешта од она во кое ние можеме да уживаме. Христос нѐ поврзал со Бога. Неговото милосрдие постојано нѐ обврзува. Чувствувајќи се недостојни за Неговата благонаклоност, ние мораме да Му бидеме благодарни дури и за најмалиот зрак на истата.“ (5. Сведоштво, стр. 310,311) {МАР 222.5}
