Сподели го ова:

1. ПРАЗЕН СЈАЈ

Недела, 29 ноември 2026

а. Дури и среде највисоките достигнувања на уметноста и културата, како Павле ја покажал празнината на животот без Христос и својот копнеж за заедништво со верните браќа? Дела 17:16, 17, 32, 33; 1. Солунјаните 3:1–4.

„Атина била метропола на незнабоштвото. Тука Павле не наишол на необразовано и лековерно население како во Листра, туку на луѓе прочуени по својата интелигенција и култура. Каде и да се запрел погледот, можеле да се видат статуи на нивните богови и обожавање на херои на историјата и поезијата претворени во богови… Кога Павле ја согледал убавината и сјајот што го опкружувале и кога сфатил колку длабоко овој град потонал во идолопоклонство, духот му се исполнил со ревност за Бога чиешто име изгледало обесчестено на сите страни, и во неговото срце се разбудила сомилост кон жителите на Атина кои, и покрај сета своја духовна култура, не знаеле за вистинскиот Бог…

„Набљудувајќи ја величественоста и сјајот на Атина, сфатил колку тоа може да ги заведе љубителите на уметноста и науката и бил далеку импресиониран со значењето на задачата што му претстоела. Во тој голем град, каде што не се знаело за служба на вистинскиот Бог, Павла го тиштело чувство на осаменост и копнеел за љубов и помош од своите соработници. За него овде немало човечко пријателство и се чувствувал мошне осамен. Во посланието до Солунјаните, тој своето чувство го изразил со зборовите: ’Сметавме дека би било добро да останеме сами во Атина’ (1. Солунјаните 3:1)“.

Извор: Делата на апостолите, 233, 234.

Сподели го ова:

Поврзани статии