3. АПЕЛИ ДО МАЖИТЕ
Вторник, 17 ноември 2026
а. Кога одлучува да стапи во брак, што треба мажот да сфати? Колосјаните 3:19.
„Кога мажите бараат целосна покорност од своите жени, тврдејќи дека жените немаат глас ниту право во домот и дека мораат да покажат целосна покорност, тие ги ставаат своите жени во положба спротивна на библиското учење. Толкувајќи го Светото писмо на таков начин, тие постапуваат спротивно на неговите начела за брачната заедница. Ваквото толкување е израз на чисто самоволие на кое немаат право. Меѓутоа, во Писмото стои: „Мажи, сакајте ги своите жени и не лутете им се“. Зошто мажот би се лутел на својата сопруга? Ако мажот ги забележува грешките кај неа како и недостатоците, горчината нема да го отстрани злото… Божјата намера не била сопругот да има власт како глава на домот ако и самиот не му се покорил на Христос. Тој мора да биде под водство на Христос за да може да го претстави Христовиот однос кон црквата.“
Извор: Адвентен дом, 116,117.
„Во повеќето случаи мажот ја сака својата сопруга, но е премногу себичен за да го манифестира тоа. Лажното достоинство и горделивост најчесто не дозволуваат на луѓето да им ја покажат својата љубов со зборови или на дело. Многумина од таквите никогаш нема да дознаат колку срцата на нивните сопруги копнеат по нежни зборови на признание и наклонетост. Кога ќе ги погребаат своите сакани и кога веќе нема да ги видат, би виделе дека со својот начин на постапување ја предизвикале нивната предвремена смрт.“
Извор: 3. Сведоштво, 527, 528.
б. Што ја поттикнува вистинската љубов на мажот кон својата сопруга? Како неговиот однос кон неа влијае врз неговиот однос со Бога? Ефесјаните 5:25,33 (прв дел); 1. Петрово 3:7.
„Мажите треба да го проучуваат споменатиот пример и да настојуваат да ја разберат сликата прикажана во Посланието до Ефесјаните за односот на Христос кон Црквата. Мажот во своето семејство треба да биде сличен на Спасителот. Дали тој секогаш ќе ја чува својата благородна мажественост предадена на Бога, тежнеејќи да ги подигне својата сопруга и деца? Дали околу себе ќе создава чиста и пријатна атмосфера? Дали истрајно ќе ја негува Исусовата љубов, која за него мора да биде постојано начело во домот, ако бара да се почитува неговиот авторитет? Секој сопруг и татко нека се труди да ги разбере Христовите зборови, но не еднострано, занимавајќи се со покорноста на жената кон мажот туку во светлината на крстот од Голгота, треба да го пронајде своето место во семејниот круг.“
Извор: Адвентен дом, 117.
