1. АПЕЛИ ДО ЖЕНИТЕ
Недела, 15 ноември 2026
а. На кој начин сопругата може да придонесе за прекрасна хармонија во својот брак? Изреки 14:1; Ефесјаните 5:33 (последен дел); Колосјаните 3:18.
„Односот помеѓу мажот и жената е најсвет и најсвечен.“
Извор: Manuscript Releases, vol. 6, p. 43.
„Мнозина мажи застануваат на следниве зборови: ’Жени, слушајте…’, но ние ќе го прочитаме налогот до крај, а тој гласи: ’како Господа’. Бог очекува жените постојано пред себе да ги имаат Божјиот страв и Неговата слава. Целосна покорност Му припаѓа само на Господ Исус Христос, Кој со бескрајната цена на Својот живот ја откупил за да биде Негово дете. Бог ѝ дал совест што не може да ја погази без последици. Нејзината личност не смее да исчезне во личноста на нејзиниот сопруг, затоа што Христос ја купил. Погрешно е мислењето дека жената со слепа предаденост треба да прави сè што мажот ѝ вели, ако знае дека кога така постапува, ќе му нанесе штета на своето тело и дух, кои се откупени од сатанското ропство. Постои Оној Кој е поголем од нејзиниот маж – нејзиниот Откупител, а таа треба да биде покорна на својот маж така како што тоа Бог го одредил – како Господа.“
Извор: Адвентен дом, 116.
„Ако го има Христовиот дух, сопругата ќе внимава на своите зборови; таа управува со својот дух, ќе биде покорна, а сепак нема да смета дека е робинка туку пријател на својот сопруг.“
Извор: Адвентен дом, 118.
