5. МИЛОЗВУЧНА МЕЛОДИЈА
Четврток, 12 ноември 2026
а. Во денешниот свет исполнет со непријателство, наведете некои од освежувачките особини на вистинскиот живот во Христос. Колосјаните 3:15-17.
„Да заборавиме на сопствените тешкотии и проблеми и да го фалиме Бога за можноста што ни ја дал да живееме, прославувајќи го Неговото Име. Дозволете им на свежите благослови од секој нов ден да разбудат чувство на благодарност во вашите срца, за тие очевидни докази на Неговата грижлива љубов. Кога наутро ќе ги отворите очите, прво заблагодарете Му на Бога за тоа што ве чувал во текот на таа ноќ. Заблагодарете Му за Неговиот мир што го чувствувате во срцето. Нека изразите на вашата благодарност наутро, напладне и навечер се издигнуваат кон небото како сладок, мил мирис. Кога некој ќе ве праша како сте, не обидувајте се да се присетите на нешто тажно, со цел да придобиете сочувство. Не зборувајте за својот недостиг на вера, ниту за своите неволји и страдања. Искушувачот се насладува кога слуша такви зборови. Вие го воздигнувате него, кога зборувате за она што е полно со тегоби и мрачно. Воопшто не треба да мислиме на тоа дека сатаната има голема моќ и дека може да нè надвладее. Кога зборуваме за неговата сила, ние честопати се предаваме себеси во негови раце. Наместо тоа, ајде да зборуваме за големата сила и моќта на Оној Кој ги поврзува сите наши интереси со Своите. Да зборуваме за Христовата сила, која не може да се спореди со ништо и да ја величаме Неговата слава. Целото небо е заинтересирано за нашето спасение. Илјада илјади и десет пати по десет илјади ангели се повикани да им служат на оние што ќе бидат наследници на спасението. Тие нè штитат од злото и ги одбиваат силите на темнината, кои се стремат да нè уништат. Зар немаме доволно голема причина да бидеме благодарни во секој момент, дури и тогаш, кога на нашиот животен пат се испречуваат тешкотии?“
Извор: Здравје и среќа, 253.
„На главата на секој победник Исус со Својата десница става славна круна што го носи Неговото лично ’ново име’ (Откровение 2:17) и натпис: ’Посветен на Господа!’ Во секоја рака се наоѓа победничка палма и блескава харфа. А потоа, на знак на ангелот кој дава интонација, секоја рака вешто ги допира жиците од харфата, извлекувајќи од нив слатка музика во богати и мелодични акорди.“
Извор: Големата борба, 646.
