Сподели го ова:

3. ДУХОВНА СИЛА

Вторник, 20 октомври 2026

а. Наведете ги најважните елементи што се потребни за победа преку Христос. Филипјаните 4:8.

„Додека Бог преку Својот Свет Дух дејствува врз срцето, човекот, од своја страна, мора да соработува со Него. Мислите мора да се ограничуваат, да се држат под надзор и да се одвраќаат од сè што ја слабее и осквернува душата. Мислите мора да бидат чисти, а стремежите на срцето беспрекорни, за зборовите што излегуваат од устата да бидат угодни на Бога и корисни за оние со кои се дружиме… Во Својата Проповед на гората, Христос на Своите ученици им ги прикажал далекосежните начела на Божјиот закон. На Своите слушатели им објаснил дека законот може да се престапи уште во мислите, пред злите желби да се претворат во дела. Затоа мораме да ги контролираме своите мисли и секогаш да ги усогласуваме со Божјиот закон. Благородните сили на умот Господ ни ги дарувал за да ги употребуваме во побожно размислување за небесните нешта. Бог ни дал изобилни можности душата постојано да напредува во побожноста и божествениот живот. Тој ни ги ставил на располагање сите средства неопходни за да напредуваме во знаењето и доблестите; а сепак, колку малку ги цениме и користиме тие предимства и сили! Колку често им дозволуваме на мислите да се задржуваат на она што е земно, сетилно и понижувачко! Своето време и мисли ги посветуваме на безначајните и ништожни работи на овој свет, а ги занемаруваме големите интереси поврзани со вечниот живот. Благородните сили на умот закржлавуваат и слабеат затоа што не ги вежбаме со размислување за она што е вредно и достојно за нивното внимание.“

Извор: Коментари на библиските текстови, 252, 253.

б. Опишете ја извонредната умствена дисциплина што Павле ја негувал во својот живот. Филипјаните 4:11,12.

„Среќата не ја создава ниту богатството ниту умот. Среќата ја создава моралната вредност. Вистинската добрина на небото се смета за вистинска големина. Според моралните чувства се одредува вредноста на човекот. Еден човек може да поседува богатство и ум, а сепак да биде без вредност затоа што блескавиот пламен на добрина никогаш не горел на олтарот на неговото срце, бидејќи неговата совест отапела, станала нечувствителна, жигосана со себичност и грев.“

Извор: 2. Сведоштво, 305.

„Побожноста е навистина голема придобивка кога сме задоволни со она што го имаме. Овде се наоѓа вистинската тајна на среќата, и вистинскиот напредок и на душата и на телото.“

Извор: 1. Сведоштво, 542.

Сподели го ова:

Поврзани статии