Небесно државјанство

Сподели го ова:

5. НЕБЕСНО ДРЖАВЈАНСТВО

Четврток, 15 октомври 2026

а. Кој повик и кое ветување денес претставуваат предизвик за нашето срце? Филипјаните 3:20,21.

„Така и Божјиот народ – вистинскиот Израел – иако расеан по народите, на оваа земја е само дојденик чијашто вистинска татковина е небото.“

Извор: Патријарси и пророци, 447.

„Драги браќа и сестри, дали со целото срце верувате дека Христос наскоро ќе дојде и дека ние сега ја имаме последната вест на милост која некогаш треба да биде објавена на виновниот свет? Дали нашиот пример е онаков каков што треба да биде? Дали со своите разговори и со светиот живот им докажуваме на оние кои се околу нас дека ја очекуваме величествената појава на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, кој ова наше суетно тело ќе го преобрази и ќе го направи слично на Своето величествено тело? Се плашам дека ние во тоа не веруваме и не го разбираме онака како што треба. Животот и постапките на оние што веруваат во значајната вистина која ние ја исповедаме, треба да бидат ускладени со таа вера. Премногу се тежнее кон уживање, разонода и привлекување внимание кон овој свет, претерано се мисли на облекување, а јазикот честопати се занимава со лекомислени и целосно безначајни разговори, со што се побива она што го исповедаме, затоа што не говориме за небото, од каде што го очекуваме Спасителот. Ангелите бдеат над нас и нѐ чуваат; меѓутоа, оддавајќи се на несериозни разговори, шеги, вицеви и спуштајќи се на тој начин во состојба на непретпазливост и духовно мртвило, ние тие ангели често ги жалостиме. Иако можеби понекогаш ќе вложиме некој напор и ќе извојуваме победа, но ако во тоа не истраеме, туку повторно се спуштаме во истата состојба на непретпазливост и рамнодушност, неспособни да ги поднесуваме искушенијата и да се спротивставиме на непријателот, ние не му одолеваме на искушението на нашата вера, која е многу повредна од злато. Не страдаме заради Христос и не Го славиме во страдањата. Голем недостаток се чувствува во христијанската истрајност и во служењето на Бога според начелата. Не треба да се стремиме да се истакнуваме и на некој начин да се задоволиме себеси, туку да му оддаваме чест и да го прославиме Бога, и во сѐ што правиме или говориме да ја имаме во вид само Неговата слава.“

Извор: Рани списи, 111.

Сподели го ова:

Поврзани статии