1. НЕОПХОДНА ДОБЛЕСТ
Недела, 4 октомври 2026
а. Зошто треба да го цениме тоа што Павле ја нагласува важноста на вистинската христијанска слога? Филипјаните 2:1,2; Римјаните 15:5,6.
„Христос предводи еден народ, доведувајќи ги неговите припадници до единство во верата, да бидат едно како што е Тој едно со Својот Татко. Разликите во мислењата мора да се напуштат, за во црквата сите да бидат единствени, имајќи еден дух и едно расудување.“
Извор: 1. Сведоштво, 324.
б. Опишете ја радоста што произлегува од таквото единство и единствениот начин на кој тоа може да се постигне. 1. Коринтјаните 1:10; Псалм 133:1-3.
„Одвојувањето од Христос е причина за поделба и раздор во семејството и црквата. Приближете се еден кон друг. Тајната на вистинското единство во црквата и во семејството не се постигнува ниту со дипломатија, ниту со господарење, ниту со вложување на натчовечки напори за отстранување на тешкотиите, иако често треба и тоа да се направи, туку во заедница со Христос.“
Извор: Адвентен дом, 179.
